Свет
Актерот Том Хенкс и неговата сопруга заразени со коронавирус

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразени со коронавирус. 63-годишниот актер, кој е во Австралија, каде што треба да снима филм за животот на Елвис Присли, изјави дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон дознале дека имаат коронавирус откога се тестириле во средата.
„Здраво, луѓе. Јас и Рита сме тука, во Австралија. Се чувствувавме малку уморни, како да имавме настинка и болки во телото. Рита имаше некаков студ и мала треска, исто така. Се тестиравме за коронавирус и се покажа дека сме позитивни“, напиша Хенкс на Инстаграм.
Хенкс и Вилсон се единствените познати лица од филмската индустрија што јавно соопштија дека се заразиле со вирусот.
„Ние соработуваме тесно со соодветните австралиски здравствени установи за да идентификуваме и контактираме со секој што можел да има директен контакт со заболеното лице. Здравјето и безбедноста на членовите на нашата компанија секогаш се наш главен приоритет и ние преземаме мерки на претпазливост да ги заштитиме сите што работат на нашите продукции низ целиот свет“, изјавија од „Ворнер брос“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мал авион се урна врз колиба во Словенија, пилотот се уште не е пронајден

Мал авион утрово по полетувањето од Загреб удрил во колиба лоцирана во областа Велика Планина во Словенија.
Авионот Mooney Ovation M20R изгубил контакт со контролата на летот околу 9:30 часот, по што почнал да се спушта во спирала од височина од 2.500 метри.
Околу 12:30 часот спасувачите пронашле делови од леталото кое удрило во кабина сопственост на Машинскиот факултет во Љубљана. Доцна попладнето пожарникарите соопштија дека целото летало се наоѓало во кабината, што полицијата се уште не го потврдува. Потрагата се уште трае, а пилотот се уште не е пронајден.
Пожарникарите од Противпожарната служба Камнишка Бистрица на Фејсбук објавија дека леталото ја „преполовило кабината“, а еден од нивните тимови ги пронашол крилото и тркалото на авионот во кабината. Откако ја прегледале околината, не нашле остатоци, па потрагата повторно ја насочиле кон кабината.
„Откривме и топол предмет со термална камера за кој претпоставувавме дека е моторот на авионот. Откако полицијата ја презеде координацијата на настанот, бидејќи нашата помош повеќе не беше потребна, пожарникарите на Противпожарната единица Камнишка Бистрица се вратија во седиштето, а потоа по договор со раководителот на интервенција го напуштивме местото за интервенција“, напишаа на Фејсбук.
Свет
Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Речиси илјада луѓе се евакуирани денеска во Гватемала откако вулканот Фуего повторно еруптираше, соопштија органите за цивилна заштита.
Лоциран на околу 35 километри југозападно од главниот град на Гватемала, вулкан се активираше, исфрлајќи лава, пепел и карпеста маса.
„Како мерка на претпазливост, започна евакуацијата на околу 125 семејства или околу 900 лица“, соопшти националната служба за управување со катастрофи.
Општинската зграда во градот Алотенанго ќе служи како привремено засолниште за евакуираните.
Властите прогласија состојба на готовност за да одржуваат „постојан контакт со градоначалниците и гувернерите“ на областите во близина на вулканот и „координираат превентивни акции“ во случај на ерупција, соопшти службата.
Владата, исто така, ја прекина наставата во училиштата во областа околу вулканот и го затвори патот што го поврзува југот на земјата со поранешната колонијална престолнина Антигва – главната туристичка дестинација на Гватемала и дел од светското наследство на УНЕСКО од 1979 година.
Свет
Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев.
Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, објави Ројтерс.
Рубио моментално е на пат кон саудискиот град Џеда заедно со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц.