Свет
Александар Грушко: Стереотипите од Студената војна тешко умираат

Неуспехот на механизмот за обезбедување европска стабилност предизвика нови судири во Европа, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, на конференцијата „ОБСЕ: изгледите за паневропска и евроазиска безбедност и соработка“ во Москва, пренесува ТАСС.
„Тешко е да се оспорува со фактот дека паневропскиот проект, како што беше предвиден во доцните 80-ти и почетокот на 90-тите, не успеа да се претвори во реалност. Европските алатки за стабилност на континентот се покажаа неефикасни. Овој факт ги влоши старите конфликти и отстапи простор за нови кризи“, објасни тој.
„Конфликтите остануваат нерешени, терористичката закана не се намали, проблемот со неконтролираните миграциски бранови продолжува, а јазот од нееднаквата распределба на богатството меѓу земјите се проширува и продолжува да се засилува борбата за контрола над ресурсите и за пристапот до пазарот“, истакна Грушко.
Според него, кризата во довербата сè повеќе станува проблем за Европа.
„Стереотипите од Студената војна тешко умираат“, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ал Каеда повикала на атентат на принцот Хари: тој се уште без државно обезбедување

Терористичката мрежа Ал Каеда повика на атентат на британскиот принц Хари, велејќи дека неговата смрт ќе ја задоволи муслиманската заедница, изјави денеска пред судот во Лондон правниот застапник на принцот.
Како што истакна адвокатката Фатима Шахид пред Високиот суд на правдата, Ал Каеда повика на убиство на принцот Хари откако во 2020 година беше намалено нивото на безбедност што му беше обезбедено за време на неговиот престој во Обединетото Кралство, пишува „Daily Mail“.
Принцот Хари на почетокот на 2020 година донесе одлука да се повлече од својата висока позиција во британското кралско семејство, да стане финансиски независен, да ја претставува британската монархија во намален обем и да помине половина од своето време во Северна Америка.
Потоа, Извршниот комитет за заштита на кралското семејство одлучи дека принцот уживал намалено ниво на заштита кога бил во Обединетото Кралство, по што следел судскиот случај на принцот со Министерството за внатрешни работи.
Оттогаш, принцот Хари нема заштита од телохранители финансирани од даночните обврзници.
Правниот застапник на принцот Хари, Фатима Шахид, денеска објави дека безбедносниот тим на принцот објавил документ во кој се наведува дека „смртта на принцот Хари ќе ја задоволи муслиманската заедница“.
Не е прецизиран точниот датум кога би требало да се случи убиството на принцот Хари, пишува „Дејли мејл“ и потсетува дека принцот веќе добил смртни закани откако во својата автобиографија напишал за убиство на 25 талибанци додека учествувал во борбите во Авганистан.
Правниот застапник изјавил дека намалувањето на безбедносното ниво на Хари, принцот и војводата од Сасекс, било неоправдано, пренесува Би-би-си.
Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека судијата што ја донел одлуката за оправданоста за намалување на нивото на безбедност на принцот Хари постапил правилно и според законот, според светските медиуми.
Свет
Шефот на ОН: Газа е поле за убивање а цивилите се во бесконечен круг на смртта

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го отфрли новиот израелски предлог за контрола на испораката на помош во Газа, велејќи дека тоа може да доведе до дополнителни контроли и бесчувствително ограничување на помошта до последната калорија и зрно брашно.
„Да бидеме јасни, нема да учествуваме во никаков аранжман што не ги почитува целосно принципите на хуманост, непристрасност, независност и неутралност“, изјави Гутереш за новинарите. Ниту една помош не е доставена до палестинската енклава од околу 2,1 милиони луѓе од 2 март. Израел рече дека нема да дозволи влез на стоки и залихи во Газа додека палестинските милитанти на Хамас не ги ослободат сите преостанати заложници.
COGAT, израелската воена агенција која ја координира помошта, се состана со агенциите на ОН и меѓународните хуманитарни групи минатата недела и рече дека предложила структуриран механизам за следење и добивање помош во Газа.
„Механизмот е дизајниран да ги поддржува хуманитарните организации, да го подобри надзорот и одговорноста и да обезбеди помошта да стигне до цивилното население кое има потреба, наместо да биде пренасочена и украдена од Хамас“, објави COGAT завчера на платформата X.
Џонатан Витал, висок претставник на ОН за помош за Газа и Западниот Брег, минатата недела рече дека нема докази за пренасочување на помошта. Израел продолжи со бомбардирањето на Газа минатиот месец по двомесечното примирје и испрати војници назад во енклавата.
„Газа е поле за убивање, а цивилите се во бесконечен циклус на смрт“, рече Гутереш, повторувајќи го својот повик за итно и безусловно ослободување на сите заложници, траен прекин на огнот и целосен хуманитарен пристап до Газа. Тој додаде дека испораката на ОН е спречена поради затворените премини кон Газа и блокадата на помошта.
„Како окупаторска сила, Израел има јасни обврски според меѓународното право, кое вклучува меѓународно хуманитарно право и меѓународна заштита на човековите права“, рече Гутереш. Тоа значи дека Израел треба да ги олесни програмите за помош и да обезбеди стандарди за храна, медицинска нега, хигиена и јавно здравје во Газа, рече тој. „Ништо од тоа не се случува денес“, нагласи тој.
Свет
(Видео) Зеленски објави снимка: „Заробивме двајца Кинези, се бореа на страната на Русија“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили заробиле двајца кинески војници во борбите на истокот на земјата. Според него, украинската војска се судрила со вкупно шест кинески војници, од кои двајца завршиле во заробеништво. Зеленски додаде дека побарал објаснување од Пекинг.
Our military has captured two Chinese citizens who were fighting as part of the Russian army. This happened on Ukrainian territory—in the Donetsk region. Identification documents, bank cards, and personal data were found in their possession.
We have information suggesting that… pic.twitter.com/ekBr6hCkQL
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 8, 2025
„Имаме информации дека во редовите на окупаторските сили има значително повеќе кинески граѓани од овие двајца. Во моментов се обидуваме да ги дознаеме сите релевантни факти“, рече Зеленски. Тој додаде дека заробените мажи со себе имале документи кои можат да го потврдат нивниот идентитет.
„Мешањето на Русија во оваа војна со Кина, директно или индиректно, е јасен знак дека Путин не сака да го прекине конфликтот. Напротив, тој бара нови начини за негово продолжување“, рече украинскиот претседател.
Зеленски тврди дека Кина на тој начин се усогласила со Русија во нејзината агресија против Украина и истакна дека очекува реакција од Соединетите Американски Држави.
Украинскиот министер за надворешни работи објави дека повикал кинески дипломат во министерството за да побара објаснување. Андриј Сибиха на платформата X напиша дека учеството на кинеските граѓани „како дел од руската армија“ ја доведува во прашање официјалната кинеска позиција за залагање за мир. Тој додаде дека таквото однесување го поткопува кредибилитетот на Пекинг како одговорен постојан член на Советот за безбедност на Обединетите нации.