Свет
Американската војска распоредена на мексиканската граница ќе ја бојадисува граничната ограда
Американските трупи распоредени на границата со Мексико имаат задача да бојадисаат делови од постојните бариери за да го подобрат нивниот естетски изглед, што предизвика разбирлив гнев кај отпорот, пренесува РТ.
„Иако примарна цел е да се подобри естетскиот изглед на ѕидот, може да има и оперативна придобивка врз основа на нашето искуство со бојадисантаа бариера во Ногалес, Аризона“, пишува во електронската порака од Агенцијата за домашна безбедност до членовите на Конгресот.
Во пораката се објаснува дека Агенцијата била пријатно изненадена кога открила дека илегалните преминувачи на границата се истакнувале поради обоените бариери и покрај нивните обиди да се камуфлираат и дека потешко се прекачуваат преку обоените бариери.
Во пораката нема детали за бојата на ѕидот и бројот на војници што ја имаат оваа задача иако се проценува дека работите ќе траат 30 дена, а трупите ќе работат од Калексико, Калифорнија. Претседателот Доналд Трамп минатиот месец побара ѕидот да биде обоен во црно за да ја апсорбира топлината од сонцето и да стане премногу жешка за мигрантите да се прекачуваат преку неа.
Противниците на Трамп се бесни поради веста.
„Нашата војска има поважна работа од разубавување на ѕидот на Трамп“, твитува сенаторот Дик Дурбин критикувајќи ја срамната злоупотреба на даночните обврзници, а Хоакин Кастро го нарече голема злоупотреба на војската.
Во моментот повеќе од 4.300 војници, мешавина на активни службеници и персонал на Националната гарда, се стационирани на границата. Иако тековното распоредување на војниците официјално треба да трае до септември, секретарот за одбрана, Патрик Шанахан, навести значително подолг престој.
„Нема да заминеме додека границата не биде безбедна“, изјави иако нагласи дека престојот на војниците нема да биде без крај.
Шанахан проценува дека до септември би можеле да се изградат нови 63 милји од 256 милји ѕид што Армискиот корпус на инженери треба да ги подигне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Берлин под притисок: се бара дијалог меѓу Мерц и Путин
Германскиот канцелар Фридрих Мерц треба директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, изјави Адис Ахметовиќ, експерт за надворешна политика на фракцијата на Социјалдемократската партија на Германија во Бундестагот, во интервју за „Зидојче Цајтунг“.
Ахметовиќ оцени дека фактот што Берлин ги препушта преговорите на двајца американски претприемачи за недвижности – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – предизвикува значителна недоверба. Тој го изјави ова коментирајќи го трилатералниот состанок одржан во Абу Даби.
Според него, шефот на германската влада мора да покаже храброст и да преземе поактивна улога во процесот на решавање на конфликтот.
Пред состанокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва позитивно ги оценила преговорите на делегациите на Русија, Соединетите Американски Држави и Украина во Абу Даби.
Свет
Данската премиерка: Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен
Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека ерата на сегашниот светски поредок е завршена, велејќи дека не верува дека некогаш ќе се врати. Таа ја даде изјавата на јавен форум во Париз, каде што учествуваше со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, пишува „Гардијан“.
Обраќајќи се пред студентите, Фредериксен нагласи: „Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен и не мислам дека ќе се врати“. Таа, исто така, предупреди дека „Русија не сака мир со Европа“ и ги повика Европа и САД да „се држат заедно“.
Осврнувајќи се на неодамнешните тензии со САД околу Гренланд, данската премиерка рече дека двете страни делат загриженост за безбедноста на Арктикот и дека ќе „се обидат да најдат заеднички пат со САД“.
Премиерот на Гренланд, Нилсен, исто така, зборуваше за последиците од тензиите со САД врз локалното население.
„Како влада, се соочуваме со задачата да се спротивставиме на надворешните притисоци и да се грижиме за нашите луѓе кои се исплашени и преплашени“, рече тој.
Европа
Холандија доби ретка малцинска влада и најмлад премиер во историјата
Лидерите на политичките партии во Холандија се согласија да формираат ретка малцинска влада, беше објавено во вторник.
Центристичката проевропска партија Д66, која победи на изборите во октомври минатата година, ќе ги здружи силите со конзервативните христијански демократи и десничарската VVD во коалиција која ќе има само 66 места во долниот дом на парламентот со 150 места.
Коалицијата, исто така, нема мнозинство во Сенатот, горниот дом на парламентот, што може да блокира закони донесени во долниот дом, и ќе треба да побара поддршка од опозициските партии за да ги спроведе своите политики.
Владата ќе ја предводи лидерот на Д66, Роб Јетен, 38, кој ќе стане најмладиот премиер во холандската историја.
Се очекува пратениците на партиите да го ратификуваат договорот за коалиција во наредните денови, а формалната презентација се очекува во петок.
Останатите позиции во кабинетот ќе бидат пополнети во наредните недели, а се очекува новата влада официјално да биде именувана во рок од еден месец.

