Свет
Американскиот Стејт департмент одобри продажба на тенкови и проектили за Тајван и покрај протестите од Кина
Вашингтон даде зелено светло за снабдување на Тајван со американска воена техника вредна 2,2 милијарди долари, вклучувајќи тенкови и ракетите земја-воздух, спротивно на принципот на „Една Кина“ која го смета островот како дел од копното, пренесува РТ.
„Стејт департментот одлучи да одобри воена продажба на ТЕЦРО на тенкови М1А2Т Абрамс и поврзана опрема и проектили ‘стингер’ и слична опрема и поддршка за околу 2 милијарди долари”, објави Пентагон во понеделникот.
Набавката, која допрва треба да биде одобрена од Конгресот, вклучува 108 единици M1A2T Абрамс што Тајпеј планира да ги користи против Кина ако Пекинг се обиде да го врати суверенитетот над островот.
Пентагон тврди дека продажбата нема да влијае на основната воена рамнотежа во регионот и дека само ќе ја подобри способноста на Тајван да одговори на моменталните и идните регионални закани и да ја зајакне својата одбрана.
Пекинг, пак, јасно стави до знаење дека ќе се бори против какво било мешање однадвор и против обидите да се оддели Тајван од Кина, истакнувајќи дека земјата нема да ја отфрли употребата на сила за да го постигне тоа.
„Секое мешање во прашањето на Тајван е осудено на неуспех. Ниеден обид за поделба на Кина нема да успее”, рече кинескиот министер за одбрана, генерал Веи Фенге, на безбедносниот самит „Шангри Ла дијалог“ во Сингапур минатиот месец.
Портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, во одделна изјава минатиот месец изјави дека Кина цврсто, постојано и недвосмислено се противи на продажбата на оружје од САД на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон да не им нанесува сериозна штета на билатералните односи и на мирот и стабилноста во Тајванскиот Теснец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

