Свет
Американски полковник до Белата Куќа: Нашата политика кон Русија не води во ќорсокак
Раководството на САД се вовлекува во ќорсокак со помош на политиката на санкции против Русија, што доведува до зголемување на цените на енергенсите, напиша на Твитер поранешниот сенатор на државата Вирџинија и пензиониран полковник Ричард Блек.
– Време е да престанеме да го обвинуваме Путин за високите цени на горивото. Русија не воведе рестриктивни мерки за извозот на јаглен, нафта и природен гас. Конгресот ги претстави. Па да престанеме да ги бараме виновниците некаде таму, бидејќи тие се со нас, рече политичарот.
Според него, Европа работи на сличен принцип. Така, Европската унија, зборувајќи за значително намалување на испораките на гас преку гасоводот Северен тек, не сака да признае дека тоа се случило поради неподготвеноста на Канада навреме да ја врати ремонтираната турбина.
Таквата политика на Западот е ирационална и деструктивна, бидејќи води до огромни економски потреси, рече Блек.
По почетокот на руската специјална операција за демилитаризација и денацификација на Украина, Западот го зголеми притисокот на санкциите врз Москва. Многу земји најавија замрзнување на руските средства, се погласни се повиците да се напушти енергијата од Русија. Сето ова се претвори во проблеми за Европа и САД, предизвикувајќи поскапување на храната и горивото.
На почетокот на јули, проблемот беше решен: Канада се согласи да ја испрати турбината во Германија за понатамошен трансфер во Русија. Сепак, Газпром објави дека сè уште не добиле никакви документи за ова прашање.
Москва постојано нагласува дека намалувањето на понудата е резултат само на рестриктивните мерки. Како што истакна Владимир Путин, Гаспром ги исполнува и има намера да ги исполни сите обврски и е подготвен да пумпа гас по потреба, пренесе Новости.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.
Свет
(Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денес го посети сицилијанскиот град Нишеми, каде што по големо свлечиште десетици куќи се наоѓаат на работ од провалија, јави Анадолу.
Поради постепеното уривање на ридот, повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани. Свлечиштето започнало во неделата навечер и продолжило да се шири и во понеделникот.
Шефот на цивилната заштита, Фабио Чичилијано, изјави дека куќите на работ од свлечиштето се ненаселиви и дека жителите ќе бидат преселени.
Мелони го прелетала погоденото подрачје со хеликоптер, по што се сретнала со локалните власти за проценка на состојбата.
Италијанската влада прогласи вонредна состојба за Сицилија, Сардинија и Калабрија, региони тешко погодени од силни бури. За итни потреби се издвоени околу 100 милиони евра, додека локалните власти ја проценуваат штетата на повеќе од две милијарди евра.

