Свет
Американски разорувачи, авиони и подморници чекаат наредба за напад во Сирија
Два американски разорувачи вооружени со ракети – Томахавк се позиционирани и подготвени за акција, покрај другите воени средства, како авиони и подморници, кои чекаат на наредба од американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера се закани со ракетни напади во Сирија, објави Си-Ен-Ен.
Трамп вчера на Твитер објави дека убавите, новите и паметни проектили наскоро ќе бидат пуштени кон Сирија, најава за ракетен напад која беше објавена пред да биде постигнат договор помеѓу клучните сојузници на САД, соопштија американски високи претставници.
Највисоките воени претставници вчера беа собрани во Белата куќа за да разговараат за опциите за Сирија, и одлуката за тоа како да се одговори на хемискиот напад сè уште не беше донесена кога Трамп излезе со најава за напад, соопштија лица запознаени со дискусиите во Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.