Свет
Американците пребаруваат „како да се преселам во Канада“, но Ковид-19 е пречка
Додека течат претседателските избори и пребројувањето на гласовите во САД, многу Американци бараат преку интернет како да се преселат во Канада, но промената на државјанството всушност не е лесна, особено за време на пандемијата со Ковид-19, пренесува „Њујорк пост“.
Северните соседи на САД се всушност малку пребирливи за само така да дозволат некој да влезе во земјата и сите „дискрециони“ патувања од САД во моментов се забранети, се вели на канадската веб-страница за миграција.
Стапката на смртност од Ковид-19 по жител во Канада – 27,69 на 100,000 жители – е помалку од половина од стапката во САД од 70,07 на 100,000, според најновите податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. И Канада би сакала да ги задржи своите бројки ниски, толку многу што несуштинските патувања се забранети
„До следното известување, повеќето странски државјани не можат да патуваат во Канада дури и ако имаат важечка виза за посетител или електронско одобрение за патување“, се вели на веб-страницата за миграција на Канада.
Исклучоци се прават за акредитирани дипломати, членови на потесното семејство на канадски државјанин, вклучително брачен партнер, и меѓународни студенти. Канадската влада нуди корисна веб-страница за утврдување на подобноста за иселување, заснована на јазичната способност, образованието и работното искуство.
Но, дури и во најдоброто сценарио – да се укинат ограничувањата поради пандемијата и имате најдено работа во Канада – обично треба повеќе од една година работно искуство во Канада со полно работно време пред да може да се следи најбрзиот пат до државјанството преку апликацијата „Express Entry“.
Американцитете можат да влезат во Канада со брачна виза иако и таму има многу пречки кои вклучуваат многу време и документи. Тој процес вклучува медицински, кривични и безбедносни проверки и истрага на канадската влада за да се утврди дали бракот е легитимен, пренесува имиграциската фирма Allhod.com.
Победата на Доналд Трамп во 2016 година ја сруши веб-страницата поради демократите кои бараа излез од САД по последните претседателски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Производството на оружје и муниција во Русија се зголеми за повеќе од 22 пати
Производството на оружје и муниција во Русија, кое е многу барано како дел од украинскиот конфликт, се зголеми за повеќе од 22 пати во последните години, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
На состанокот за државната програма за оружје, тој исто така рече дека руските воени компании ја снабдуваат армијата со целото потребно оружје и опрема, пренесува Спутник.
Путин исто така изјави дека руската армија стекнува непроценливо искуство за време на Специјалната воена операција во Украина, која, според него, се користи за обликување на нова форма на руските вооружени сили, пренесува Танјуг.
Свет
Москва: Западот призна дека поразот на Русија е невозможен
Во текот на 2025 година, и покрај силниот притисок и санкциите, Русија успеа да ги одбрани своите клучни национални интереси, а непријателските земји беа принудени да признаат дека е невозможно да ѝ се нанесе стратешки пораз. Ова беше објавено во извештајот на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за главните резултати од надворешната политика за 2025 година.
Како што е наведено, решителниот одговор на Москва во односите со земјите чии влади преземаат, како што е оценето, непријателски и антируски мерки, доведе до промена во пристапот на Западот.
„Решената одбрана на националните интереси во односите со земјите чии влади преземаат непријателски антируски дејствија ги принуди да ја признаат невозможноста за нанесување „стратешки пораз“ на Русија на бојното поле“, се истакнува во соопштението на руското Министерство.
Во документот се додава дека ваквите случувања ги принудија западните земји да ги преиспитаат своите цели и да преминат на концептот за итно прекинување на непријателствата на украинското бојно поле.
На крајот на ноември, заменик-шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков посочи на сличен заклучок. Потоа тој изјави дека игнорирањето на решителноста на Русија да ги брани своите интереси е погрешна стратегија за Западот.
Според него, негирањето на очигледниот факт дека стратешкиот пораз на нуклеарна сила е невозможен е длабока грешка која, како што процени тој, на крајот ќе ги принуди западните земји да бараат нова основа за коегзистенција со Русија.
Свет
Марта Кос: Украина е приоритетен кандидат за членство во ЕУ
Европската Унија ја смета Украина за приоритетен кандидат за членство, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос во интервју за Политико.
Според неа, проширувањето на Унијата повеќе не е само прашање на односите со кандидатите, туку и на внатрешната способност на ЕУ да одговори на предизвиците на современиот момент.
„Не станува збор само за привлекување кандидати – туку и за нас: можеме ли да се справиме со предизвиците? Дали е тоа корисно за нашата безбедност? Дали ги пополнуваме празнините што ги оставивме во минатото? Да. Дали ни треба Украина во ЕУ? Да“, нагласи Кос.
Таа истакна дека во следните 12 месеци, Европската Унија ќе мора да донесе конкретни и суштински одлуки со цел да го забрза процесот на прием на нови земји-членки и да обезбеди институционална поддршка. Според неа, претстојниот период ќе биде клучен за дефинирање на иднината на политиката на проширување.
Прашањето за европската интеграција на Украина се повеќе се поврзува со безбедносната архитектура на континентот и долгорочните геополитички интереси на Брисел.
Претходно беше објавено дека некои американски претставници признаваат дека Русија нема забелешки за евентуалното пристапување на Украина во Европската Унија, што во дипломатските кругови се толкува како значаен сигнал во контекст на пошироките односи меѓу Истокот и Запад

