Свет
Американците пресретнаа повеќе ирански проектили насочени кон Израел: „Срамен чин на агресија“
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека САД „пресретнале повеќе проектили“ лансирани од Иран кон Израел.
„Го осудуваме овој срамен чин на агресија од страна на Иран и го повикуваме Иран да ги запре сите дополнителни напади, вклучително и нападите на неговите терористички групи“, рече тој во изјавата.
„Длабоко сум горд на вештината и храброста на американските сили кои денес помогнаа да се спасат животи од ирански напад и кои продолжуваат да ја поддржуваат одбраната на Израел и да спречат ширење или ескалација на конфликтот“, додаде тој.
Тој вели дека ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата и да разговара со сојузниците и партнерите на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Колкава штета нанесе масовниот ирански напад со балистички ракети
Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел. Тоа е најголемиот воен напад на Иран врз Израел во историјата.
Иран тврди дека е самоодбрана и се закани со многу поголем напад во случај на израелска одмазда.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера му порача на Иран дека направил голема грешка за која ќе плати.
Израелските сили за противвоздушна одбрана се пофалија дека во соработка со своите сојузници собориле голем број ирански балистички ракети, но некои од нив не биле погодени во воздух и погодиле на земја.
Засега е познато дека иранските проектили го нападнале седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад во Тел Авив, но Израелците тврдат дека во комплексот не паднале проектили. Камерите снимија голем кратер пред седиштето на Мосад.
Outside Mossad HQ, 1050p local: pic.twitter.com/r0iiN6E9O8
— Nick Schifrin (@nickschifrin) October 1, 2024
Покрај тоа, израелската јавна телевизија КАН објави дека во градот Ход Хашарон на северот на Израел, околу 100 домови биле оштетени во ирански напад со балистички ракети.
Регион
(Видео) Во Србија се судри автобус со ученици и автомобил, едно лице загина
Едно лице загина во судир на училишен автобус во кој имало деца и автомобил на патот меѓу Нови Сад и Инѓија во Србија. Несреќата се случила околу седум часот утринава.
Автобусот завршил на страна, а возачот на автомобилот починал на местото на настанот.
Нова.рс пишува дека има повредени и дека се пренесени во болница во Нови Сад.
Свет
Германија: Иран ризикува, може да го разгори целиот регион
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека Иран презема многу ризик и може да го разгори целиот регион.
Тој ги повика Техеран и Хезболах да ги прекинат нападите врз Израел.
Шолц рече дека Германија и нејзините партнери, исто така, ќе продолжат да работат на договор за прекин на огнот.
„Иран презема ризик, може да го разгори целиот регион. Тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран мора веднаш да престанат да го напаѓаат Израел“, рече тој.
Борбите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат утрово и покрај повиците за прекин на огнот од страна на ОН, САД и ЕУ.