Свет
Америка загрижена за одмаздата на Иран, подготвува одбрана со Израел

Администрацијата на Бајден е загрижена дека Иран планира одмазднички напад затоа што Израел го уби лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, па затоа работи со Израел на одбраната, изјави синоќа американски претставник за Си-ен-ен.
Администрацијата на Бајден водеше мултинационална одбрана на Израел во средината на април кога Иран лансира повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел како одговор на неговиот напад врз високи офицери на Иранската револуционерна гарда во Сирија.
Американскиот функционер одби да каже каков напад се очекува од Иран, а не ги прецизира чекорите што ги презема американската војска.
Стравувањата од поширока регионална војна на Блискиот Исток се зголемија во последниве недели бидејќи Израел ги засили нападите врз Хезболах во Либан, а групата поддржана од Иран вети дека ќе ја продолжи својата борба дури и кога многу нејзини врвни команданти се убиени.
Насралах беше убиен во петокот во масовен израелски напад во јужен Бејрут. Тој со децении ја водеше најмоќната проиранска милитантна група на Блискиот Исток и неговата смрт е тежок удар за Хезболах, како и голем удар за контролата на Иран врз регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, е примена и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина со дронови уништи руски системи вредни милиони

Украинските сили уништија два моќни руски повеќекратни ракетни системи TOS-1A Solntsepyok во регионот Харков, а нападот е извршен од прецизни FPV дронови, извести 429-от посебен полк за дронови, Ахил, објави Киев пост.
Полкот, исто така, објави видео на Јутјуб во понеделникот на кое се прикажани напади со дронови од прво лице (FPV) врз лансери во секторот Купјанск.
Видеото прикажува два одделни напади – еден врз стационарен Солнтсепјок, а другиот врз подвижен систем од ист тип, веројатно додека руските сили се обидувале да избегаат.
Цената на системот, во зависност од конфигурацијата, се проценува помеѓу 6,5 и 15 милиони долари.
„Киев пост“ не беше во можност независно да ја потврди автентичноста на снимката.
Свет
(Видео) Расте бројот на жртви по тропската бура во Виетнам

Бројот на жртви од тропската бура Буалој во Виетнам се искачи на најмалку 19, а повеќе од десетина луѓе сè уште се водат како исчезнати, соопштија властите денес.
Повеќето од жртвите загинаа во поплави, лизгање на земјиштето или паѓање на остатоци, додека 92 лица се повредени, според штабот за управување со катастрофи.
A woman in Yen Bai cried as her house was swept away by floods brought by Typhoon Bualoi. Heavy rain has been lashing northern Vietnam, including Hanoi, leaving many areas of the city inaccessible. pic.twitter.com/auCqhKJbLj
— Nga Pham (@ngahpham) September 30, 2025
Бурата, исто така, предизвика голема материјална штета, уништувајќи или делумно оштетувајќи повеќе од 120.000 домови и искоренувајќи околу 50.000 дрвја, соопштија властите. Особено тешко погодена беше северната крајбрежна провинција Ха Тин.
Тајфунот Буалој, кој претходно ги погоди Филипините, во недела навечер стигна северно од градот Вин, носејќи ветрови со сила на ураган, пороен дожд и грмотевици. Историскиот град Хуе, познат по своите храмови и пагоди, исто така беше погоден.
❗️🌀🇻🇳 – Typhoon Bualoi struck Vietnam's coast on September 29, 2025, causing widespread destruction, killing 13 people, and injuring 46.
The storm, which weakened into a depression as it moved toward Laos, brought strong winds, heavy rains, and 8-meter waves, damaging over… pic.twitter.com/oWRvs0zHXd
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) September 30, 2025
Повеќе од 40 летови се откажани во регионот во последните денови, а многу други се одложени. Тајфунот, исто така, предизвика голема штета во земјоделскиот сектор.
фото: принтскрин