Свет
Антиамерикански протести во Иран, запалено знамето на САД и портрети од Трамп

Иранците излегоа на улиците низ Иран против одлуката на американскиот претседател на САД да излезат од нуклеарниот договор од 2015 година. Народот извикуваше антиамерикански слогани и палеше портрети од Трамп и американското знаме.
Fire and fury in Tehran. Angry crowds shout death to America, burn US flags and effigies of Trump pic.twitter.com/Hi2aaxmtfP
— Ali Arouzi (@aliarouzi) May 11, 2018
Иранците почнаа со протест кусо по петочната молитва. Тие извикуваа: „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Ние се бориме, умираме, но не прифаќаме никакви компромиси“.
Во Техеран протестите се фокусираа околу зградата што служеше како американска амбасада пред земјите да ги прекинат дипломатските односи по Исламската револуција во Иран во 1979 година.
По повеќе години тешки преговори, иранскиот нуклеарен договор беше потпишан во 2015 година меѓу Иран и светските сили – Кина, Франција, Русија, Британија, САД плус Германија, со што се постигна прекинување на санкциите против Техеран во замена за прекинување на контроверзната иранска нуклеарна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.