Свет
Асад го освои четвртиот мандат во Сирија со 95 проценти од гласовите
Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, го освои четвртиот мандат со 95,1 проценти од гласовите на изборите што ќе го продолжат неговото владеење со земјата разорена од војна, но за која противниците и Западот велат дека е обележана со измама.
Владата на Асад соопшти дека изборите покажуваат дека Сирија функционира нормално и покрај деценискиот конфликт, во кој беа убиени стотици илјади луѓе и приближно половина од населението, или 11 милиони луѓе, протерани од своите домови.
Претседателот на парламентот, Хамуда Сабаг, го објави резултатот на прес-конференција во четвртокот велејќи дека одѕивот на гласачите бил околу 78 проценти.
Изборите продолжија и покрај мировниот процес предводен од Обединетите нации, кои бараа да се гласа под меѓународен надзор.
Победата му донесе на Асад нови седум години на власт и го продолжува владеењето на неговото семејство на речиси шест децении. Неговиот татко Хафез ал-Асад ја водеше Сирија 30 години сѐ до неговата смрт во 2000 година.
Годините на Асад како претседател беа обележани со повеќестран конфликт, кој почна во 2011 година и ја разурна оваа земја на Блискиот Исток.
„Им благодарам на сите Сиријци за нивното високо национално чувство и големо учество… за иднината на сириските деца и нејзината младост. Да почнеме да работиме од утре на градење надеж и градење на Сирија“, напиша Асад на својата фејсбук-страница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

