Свет
Ахиловата петица на „Титан“ ја крие тајната за имплозијата
Истражувачите што ја анализираат имплозијата на подморницата „Титан“ планираат повторно да ги состават пронајдените делови од бродот со цел да ги утврдат причините што довеле до неа. Роботски уред лансиран од канадски брод ги откри остатоците од „Титан“ на помалку од 500 метри од лакот на остатоците од „Титаник“. Тоа е предниот дел на подморницата и големата плоча што го сочинуваат нејзиниот заден дел. Се смета дека титаниумските компоненти на бродот подобро ја издржале катастрофата, а деловите од јаглеродни влакна што го сочинувале неговиот труп биле искршени на парчиња.
Експертот за нуркање, Том Медок, го поздрави откривањето делови од подморницата и рече дека тоа исто така ќе помогне да се открие причината за експлозијата.
„За ова нема правилник, нема прирачник, ова е нешто ново. Според Мадок, веројатно ќе се пишува книга за оваа трагедија“, рече тој.
Ахилова петица
Експертите што предупредија за безбедноста на „Титан“ изјавија дека средишниот дел, кој е направен од јаглеродни влакна, е Ахиловата петица на подморницата бидејќи тој материјал не е погоден за нуркање во длабочините до кои стигнала подморницата.
Директорот на „Титаник“ и експерт за подморници, Џејмс Камерон, рече дека тој дел, најверојатно, бил скршен на мали парчиња во инцидентот.

„Можам да се кладам дека Ахиловата петица на подморницата е нејзиниот средишен дел. Имаше две титаниумски капачиња на секој крај, но тој композитен цилиндар од јаглеродни влакна сега е на парчиња. Прилично е јасно дека тоа е она што не успеа“, рече тој.
Медок рече дека нешто позитивно мора да излезе од таа страшна несреќа, а тоа е да се најде причината што довела до катастрофата бидејќи на тој начин таква трагедија нема да се повтори.
Во последните години многу експерти сметаа дека подморницата „Титан“ е небезбедна за навигација. Дури и директорот на компанијата, Стоктон Раш, еден од членовите на екипажот, кој загина, рече дека со користење јаглеродни влакна го прекршил правилото.
„Јаглеродни влакна и титаниум, постои правило дека не го правите тоа, добро, јас го направив“, рече Раш во видеото објавено во 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

