Свет
Банкротира компанијата „Кембриџ аналитика“
Британската интернет-аналитичка компанија „Кембриџ аналитика“ соопшти дека ќе прогласи банкрот кога се најде во центарот на скандалот поради злоупотреба на лични податоци на корисниците на „Фејсбук“ во политички кампањи.
Компанијата е обвинета дека ги злоупотребила личните податоци на речиси 87 милиони корисници на „Фејсбук“ и ги споделила со политички клиенти и консултантски фирми. Официјални лица од компанијата наведуваат дека по скандалот ги изгубиле сите клиенти и дека морало да прогласат банкрот.
Портпаролката на „Кембриџ аналитика“, Кларенс Мичел, изјавви за Би-би-си дека компанијата во последните неколку месеци била на цел на многубројни неосновани обвинувања и покрај обидот да се исправи ситуацијата. Според неа, активностите на „Кембриџ аналитика“ не само што не биле нелегални туку се широко распространети во онлајн-огласувањето како во политичките така и во комерцијалните арени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саудијците сакаат да инвестираат 600 милијарди долари во САД
Саудискиот престолонаследник изјави денеска дека Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари (577 милијарди евра) во САД во следните четири години. Тој го изјави ова откако претседателот Доналд Трамп претходно навести за високите трошоци за враќање во кралството како негова прва странска дестинација, пренесува АП.
Посетата на Трамп на Саудиска Арабија во 2017 година ја прекина традицијата американските претседатели обично прво да патуваат во Обединетото Кралство. Овој потег ги истакна блиските врски на неговата администрација со владетелите на земјите од Персискиот залив богати со нафта, додека истоимената компанија за недвижнини на Трамп, исто така, склучуваше зделки низ регионот.
BREAKING: After President Trump said he would only visit Saudi Arabia if they started buying more American products, the Saudi Crown Prince just called and said they want to invest $600 BILLION in the United States
THE ART OF THE DEAL. pic.twitter.com/dYokGLOKfo
— George (@BehizyTweets) January 22, 2025
Коментарите на престолонаследникот Мохамед бин Салман, пренесени од државната саудиска агенција за печат рано денеска, беа дадени за време на телефонскиот разговор со Трамп. „Принцот престолонаследник ја потврди намерата на кралството да ги прошири своите инвестиции и трговија со Соединетите држави во текот на следните четири години, во износ од 600 милијарди долари и потенцијално повеќе“, се вели во извештајот.
Во извештајот не е прецизирано каде може да се насочи оваа инвестиција и трговија. САД се оддалечуваат од својата зависност од извозот на саудиска нафта во последниве години, што беше основа на нивната врска со децении. Саудиските суверени богати фондови инвестираа големи суми во американски компании, а исто така ги истражуваа можностите за инвестирање во спортот.
Сепак, Саудиска Арабија продолжува многу да се потпира на американското оружје и одбранбените системи, кои би можеле да бидат дел од гореспоменатата инвестиција.
Свет
Додека Давос го чека говорот на Трамп, европските индекси нееднакви, цените на златото и нафтата паѓаат
Европските берзански индекси денеска се нееднакви, цените на нафтата и златото паднаа, додека пазарите и учесниците на Светскиот економски форум во Давос го чекаат обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп преку видео-врска, кое е закажано за 17:00 часот.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.297,42 поени, францускиот CAC 40 на 7.845,31 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.543,25 поени, а московскиот MOEX на 2.937,45 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 75.285 долари, а цената на нафтата од типот „брент“ порасна на 78.859 долари.
Европските фјучерси на гас за февруари се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 49.420 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.753,44 долари за унца, а на пченицата на 5,5065 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03989, што е приближно исто како и вчера.
Свет
Трамп денеска ќе и се обрати на политичката елита на форумот во Давос
Претседателот Доналд Трамп денеска преку видео врска ќе им се обрати на светските политички и бизнис лидери собрани во Давос на Светскиот економски форум, но не се знае што ќе нагласи во неговиот дијалог со светските лидери. Откако ја презеде улогата на шеф на Белата куќа, Трамп, посочува Ројтерс, веднаш се впушти во националната агенда.
Новиот претседател веднаш започна со сузбивање на илегалната имиграција, се зафати со проширување на домашното производство на енергија и се закани дека ќе воведе царини и други давачки за увозот од ЕУ, Кина, Мексико и Канада. Тој, исто така, ги повлече САД од Светската здравствена организација на ОН (СЗО) и Парискиот климатски договор.
Од почетокот на својата политичка кариера, Трамп беше жесток критичар на СЗО бидејќи, како што објасни, агенцијата на ОН не успеа да ги спроведе итно потребните реформи и покажа дека не е во состојба да биде независна од несоодветното политичко влијание на земјите-членки.
Тој ја обвини СЗО дека и помага на Кина да го прикрие потеклото на Ковид-19 и ширењето на пандемијата. Во првите денови од неговиот мандат, тој најави преименување на Мексиканскиот залив во Заливот на Америка и се закани дека ќе ја врати контролата врз Панамскиот канал.
Тој помилува повеќе од 1.500 негови поддржувачи осудени за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, а исто така започна да ја елиминира програмата „различност, правичност и инклузија“ (ДЕИ) во федералните институции. Тој го повика и приватниот сектор да го стори истото.
Агенцијата Франс прес пишува дека новиот американски претседател размислува и за распуштање на федералната агенција одговорна за природни катастрофи, која ја обвини за неспособност во времето на неговиот претходник Џо Бајден, критикувајќи ја реакцијата на катастрофалните пожари во Калифорнија и неодамнешните урагани во југоисточниот дел на САД.