Свет
Бајден за копнената инвазија: Израелците сами донесуваат одлуки

За време на посетата на австралискиот премиер на Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден беше прашан од новинарите дали бара Израел да ја одложи копнената инвазија.
Бајден одговори: „Израелците сами одлучуваат“.
Израел со денови сигнализира дека неговите масивни сили се подготвени да влезат во Газа со цел да го елиминираат Хамас како воена сила по неговиот напад на 7 октомври врз јужен Израел. Претходно, во вторникот, израелскиот премиер изгледаше дека навести оти набргу доаѓа копнена инвазија.
„Се соочуваме со следната фаза, таа доаѓа“, им рекол Бенјамин Нетанјаху на војниците, според соопштението за печатот од неговата канцеларија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.