Свет
Бајден: Јас сум најдобар кандидат за претседател

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден верува дека никој во Америка не е поквалификуван од него за да ја извршува функцијата претседател.
Во говорот пред студентите на Универзитетот Монтана, 76-годишниот Бајден рече дека ја разгледува можноста да го предизвика Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година.
Според неговите зборови, никој не би требало да се кандидира за претседател доколку не е сигурен дека е квалификуван за тоа, а одлуката дали ќе се вклучи во трката за претседател ќе ја донесе на два месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена загина на летот на „Катар ервејс“, патници се жалат дека телото останало меѓу нив четири часа

Австралиска брачна двојка доживеала трауматично искуство кога телото на починатиот патник било поставено на седиштето до нив на летот на „Катар ервејс“ од Мелбурн до Доха.
Мичел Ринг и Џенифер Колин, кои патувале за Венеција на одмор од соништата, за австралискиот Канал 9 изјавиле дека една жена паднала и починала на патеката до нивните седишта.
Двојката вели дека екипажот го ставил нејзиното тело, покриено со ќебиња, до Мичел Ринг и го чувало таму во преостанатите четири часа од летот, не нудејќи да го преместат и покрај тоа што имало слободни места.
Катар ервејс соопшти дека се извинува за секоја непријатност или вознемиреност што може да ја предизвикал овој инцидент, додавајќи дека е во процес на контактирање со патниците.
Двојката рече дека ниту Qatar Airways ниту Qantas, авиокомпанијата преку која го резервирале летот, не контактирале со нив или понудиле поддршка.
Ринг нагласи дека персоналот навистина реагирал навремено кога жената колабирала, но дека, за жал, немало начин да и помогне.
Екипажот во кабината се обиде да го придвижи нејзиното тело кон бизнис класата, „но таа беше прилично голема и не можеа да ја однесат низ патеката“.
Иако ниту Ринг ниту Колин не оспоруваат дека авиокомпанијата не е виновна за смртта на жената, тие сметаат дека треба да има јасен протокол за другите патници.
Свет
Најмалку 46 загинати во несреќа на воен авион во Судан

Најмалку 49 лица загинаа кога судански воен авион се урна во градот Омдурман, соопштија денеска воените и здравствените власти.
Авионот Антонов се урна вчера по полетувањето од воената воздухопловна база Вади Саидна, северно од Омдурман, соопшти војската.
Воените власти соопштија дека во несреќата загинале војници и цивили, додека неименувани воени извори велат дека причината за несреќата најверојатно е технички проблем, пренесе Ројтерс.
Министерството за здравство додаде дека телата на починатите се пренесени во болницата Нау во Омдурман. Болницата примила и десет повредени цивили. Министерството соопшти дека авионот се урнал во цивилна куќа во областа Карари во Омдурман.
Свет
Кремљ без коментар за договорот меѓу САД и Украина

Кремљ денеска потврди дека се во тек подготовки за преговори меѓу експертски тимови меѓу САД и Русија, но додаде дека во моментов нема планови за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг изјави дека Москва нема да коментира за важниот американско-украински договор за експлоатација на ретки минерали додека не бидат објавени официјални информации. Да потсетиме дека, според неофицијални извори, договорот е постигнат синоќа, а се очекува украинскиот претседател Зеленски да го потпише со Трамп во петок во Белата куќа.
Путин неодамна понуди да продава руски ретки минерали на американски компании, вклучително и оние од окупираните територии на Украина. Песков рече и дека немало разговори со Кина за можноста кинеските сили да бидат распоредени во мировна мисија во Украина во случај да се постигне договор.