Свет
Бајден одби да коментира за британските медиуми – „Би-би-си? Јас сум Ирец!“
Британско-американските односи под потенцијалното претседателство на Џо Бајден се на лош почеток откако 77-годишниот демократ одби да даде коментар за британскиот печат велејќи: „Би-би-си? Јас сум Ирец!“
Броењето на гласовите во САД продолжува во некои области и резултатите не се официјално заверени, а претседателот Доналд Трамп обвинува за измама и одбива да се повлече. Сепак, многу од мејнстрим-медиумите го прогласија Бајден за победник или барем за најверојатен победник на изборите.
Јавно финансираната британска радиодифузна корпорација Би-би-си беше еден од тие медиуми, но ниту ова ниту несомнено избрзаните честитики од премиерот Борис Џонсон до Бајден се чини дека не им направија никаква услуга, како што открија кога му побараа кус коментар за нивните гледачи.
„Би-би-си? Јас сум Ирец“, одговори Бајден оддалечувајќи се со насмевка, што според некои беше сигнал дека демократот – кој претходно не криеше дека е непријателски настроен кон брегзитот – нема да биде пријателски настроен кон Велика Британија како полубританецот Трамп.
„Како што можете да видите од овој клип, Бајден ја мрази Велика Британија“, коментира водечкиот поборник за брегзит и сојузник на Трамп, Најџел Фараж.
As you can see from this clip, Biden hates the UK.
The Conservatives had 4 years to do a trade deal with the USA and pro-UK President, and they failed.
There is no chance now.
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) November 7, 2020
„Конзервативците имаа 4 години да склучат трговски договор со САД и со пробританскиот претседател и не успеаја. Сега нема шанси“, додаде тој осврнувајќи се на британско-американскиот трговски договор поттикнат од претседателот Трамп, кој Британците можеа да го потпишат откако го повратија своето право од ЕУ да склучуваат меѓународни трговски зделки.
Well done @JoeBiden & @KamalaHarris. pic.twitter.com/CJSqGd7tkT
— Gerry Adams (@GerryAdamsSF) November 7, 2020
Сметајќи се себеси за Ирец – иако неговиот колонијален предок Вилијам Бајден се чини дека бил Англичанец – Бајден беше прилично јасен дека ја зазема страната на ЕУ во нејзините кавги со Британците притискајќи ги да потклекнат пред разните барања на ЕУ за постојана контрола над нивните територијален риболов, државна помош и регулаторен режим во име на мирот во Северна Ирска, и составен дел на Обединетото Кралство поделено помеѓу британското унионистичко мнозинство и ирското националистичко малцинство.
Ентони Гарднер, советник во кампањата на Бајден и поранешен амбасадор на САД во ЕУ, предвиде дека Бајден ќе објави декларација за поддршка на ЕУ рано на почетокот од мандатот – можеби уште првиот ден – а поранешниот британски амбасадор во САД, Ким Дароч, исто така предвиде дека тој можеби нема да има топол однос кон Борис Џонсон поради незадоволството од британскиот лидер кај некои луѓе на Обама во неговиот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција
Израелската војска соопшти дека почнала широк бран напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, во рамки на операцијата наречена „Рик на лавот“.
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се „отвори патот кон Техеран“.
Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираат дека во последните 24 часа израелски борбени авиони фрлиле повеќе од 1.200 парчиња муниција врз Иран. Според ИДФ, биле погодени стотици ирански воени цели, вклучувајќи лансери на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, трет круг сирени за тревога поради проектили се огласил на северот на Израел. Силни детонации биле слушнати и во подрачјето на Ерусалим, но засега нема информации за повредени или материјална штета.
Нови сирени се огласиле во регионот на Ерусалим, како и низ Тел Авив и други градови во централниот дел на земјата, по предупредувања за дојдовен ракетен напад од Иран.
Свет
Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток
Во услови на континуирана размена на ракетни напади на Блискиот Исток, Иран соопшти дека гаѓал во 27 американски воени локации во регионот. Иранската револуционерна гарда наведе дека цел биле и израелската воздухопловна база Тел Ноф, воено седиште и голем одбранбен комплекс во Тел Авив.
Според ИРГЦ, станува збор за шести „бран“ одмазднички напади во кои биле користени ракети и дронови. Гарда порача дека ќе продолжи со воените дејствија, но овие тврдења не се независно потврдени.
„Вооружените сили на Исламската Република Иран нема да дозволат да замолкнат сирените за воздушна опасност на окупираните територии и во американските бази. Ќе продолжиме со повторени и болни удари, што претставува нов и многу тежок чекор на одмазда“, се наведува во соопштението што го пренесуваат државните медиуми ИРИБ.
Фото: depositphotos
Свет
Кој е Али Ларијани, човекот што ја презема лидерската функција во Иран?
Иранскиот политички ветеран Али Ларијани во неделата соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, пренесе Ројтерс. Ларијани минатата година повторно се издигна како една од највлијателните фигури во безбедносната структура на Иран.
Тој раководел со широк спектар прашања – од нуклеарните преговори и регионалните односи, до одговорот на властите на внатрешните немири. Во август беше именуван за секретар на Врховниот совет за национална безбедност, функција што ја извршувал и претходно.
Како близок соработник на Хамнеи, Ларијани учествувал во подготовките за индиректни нуклеарни разговори со САД во Оман, а во изминатите месеци повеќепати патувал и во Москва на средби со руското раководство. Тој зазема прагматичен тон за нуклеарното прашање, наведувајќи дека загриженоста на САД може да се реши, но истовремено истакнал дека иранската нуклеарна технологија „не може да се уништи“.
САД во јануари му воведоа санкции, обвинувајќи го дека имал водечка улога во задушувањето на антивладините протести. Американското Министерство за финансии соопшти дека Ларијани повикал на насилен одговор против демонстрантите, додека организациите за човекови права наведуваат дека во пресметките биле убиени илјадници лица.
Ларијани бил претседател на парламентот од 2008 до 2020 година и важи за влијателна фигура која одржува односи со различни фракции во системот. Роден е во 1958 година во Наџаф, во угледно клерикално семејство, а докторирал филозофија во Иран.
Фото: ЕПА

