Свет
Бајден: Планирам да се кандидирам и во 2024 година, особено ако е таму Доналд Трамп

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека засега планира повторно да се кандидира на следните избори во 2024 година, а доколку се кандидира и неговиот претходник Доналд Трамп, тоа само ја зголемува веројатноста за негова нова кандидатура.
„Дали планирате повторно да се кандидирате“, го праша водителот на ABC News, Дејвид Мур.
„Јас многу ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се вмеша во животот. Ако имам добро здравје, како што сум сега, повторно ќе се кандидирам“, рече Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Воз во Русија налета на експлозив поставен под шините

Во рускиот Белгородски регион воз налета на експлозивна направа, предизвикувајќи експлозија, објави гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
„Според прелиминарните информации, возот налетал на експлозивна направа поставена под шините“, напиша тој.
Повредени нема, но оштетена е контактната мрежа на железничката пруга.
Железничкиот сообраќај е привремено во прекин. Сите служби за итни случаи се на терен.
Свет
Трамп бара имиња на странските студенти кои студираат на „Харвард“: Сакаме да знаеме од каде се

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација сака имиња и земји на сите странци кои студираат на Харвард, сугерирајќи дека странските земји, особено оние кои се непријателски настроени кон САД, треба да придонесат за финансирање на образованието на нивните студенти.
„Зошто Харвард не соопшти дека речиси 31 отсто од нивните студенти се од странски земји, и додека некои од нив воопшто не се пријателски расположени кон Соединетите држави, тие не плаќаат ништо за образованието на своите студенти, ниту пак имаат намера да го направат тоа“, напиша Трамп на „Тру соушал“.
Тој истакна дека неговата администрација сака да знае кои се и од каде се странските студенти и додаде дека Харвард „не е многу отворен“.
„Ги сакаме тие имиња и земји“, рече Трамп.
Според податоците на Харвард, во оваа учебна година 27 отсто од студентите доаѓаат од странство, а најмногу се од Кина, Канада, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија.
Во учебната 2024-2025 година на Харвард беа запишани 6.793 студенти на додипломски и магистерски студии од 147 земји.
Странските студенти немаат право на какво било федерално финансирање, според делот за финансиска помош на веб-страницата на Харвард, додавајќи дека колеџот има свои пари за стипендии, кои се достапни за странски студенти.
Свет
Малта ќе ја признае Палестина следниот месец

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска најави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец.
Соопштението дојде за време на политички настан на кој Абела ги покрена локалните и глобалните прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, пренесува „Малта тудеј“.
„Не можеме да ги затвориме очите пред оваа човечка трагедија која секој ден се влошува“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела осврнувајќи се на израелското бомбардирање на Газа, во кое загинаа речиси 54.000 Палестинци.
Абела рече дека овој потег е морална одговорност и дека Палестина ќе биде признаена по конференцијата на 20 јуни.