Свет
Бајден по пресудата за убиството на Флојд: На сите ни олесна
Поротата го прогласи за виновен поранешниот полицаец од Минеаполис Дерек Човин за убиството на Џорџ Флојд за време на апсење, а пресудата предизвика бројни реакции.
Претседателот на САД, Џо Бајден, по пресудата рече дека се чувствува олеснување.
„На сите ни олесна“, му порачал американскиот претседател Бајден на семејството на Флојд во телефонски разговор. „Вие сте неверојатно семејство. Би сакал да бидам таму за да ве прегрнам“, продолжил тој.
По пресудата, Бајден ѝ се обрати на јавноста од Белата куќа и ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот, кој ја расипува душата.
„Дојде време оваа земја да се обедини“, рече Бајден во краткото обраќање од Белата куќа.
„Некои – агитатори и екстремисти кои се потсмеваат на социјалната правда – ќе се обидат да ги искористат сировите емоции“, предупреди тој.
„Не можеме да им дозволиме да го сторат тоа“, додаде претседателот на САД.
„Пресудата за полицаецот Човин нема да го врати Џорџ“, рече Бајден, додавајќи дека оваа пресуда можеби е момент на клучна промена. Тој ги повика Американците никогаш да не ја заборават оваа трагична епизода.
„Мораме да слушаме. ‘Не можам да дишам, не можам да дишам’ – тоа беа последните зборови на Џорџ Флојд. Треба постојано да ги слушаме тие зборови, да не им го вртиме грбот“, истакна Бајден на крајот.
„Денеска се одбележува Денот на правдата во Америка“, порача Камала Харис, потпретседателката на САД.
Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поздравија пресудата.
„Денеска поротата постапи правилно. Но, вистинската правда бара многу повеќе. Мишел и јас упатуваме молитви до семејството на Флојд и стоиме заедно со сите оние кои се залагаат да гарантираат целосна правда за секој Американец, што на Флојд и на многу други им беше ускратена“, рече Барак Обама.
Пред зградата на судот се собрала толпа од неколку стотици луѓе кои со извици на одобрување ја дочекале веста за пресудата.
Националната гарда е на улиците на Минеаполис. Повеќе од 3.000 припадници на Националната гарда и најмалку 1.100 полицајци се распоредени низ Минесота, како дел од т.н. операција „безбедносна мрежа“, како превенција од можни немири по објавувањето на пресудата.
Слично е и во другите поголеми градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

