Свет
Бајден по средбата со Путин сам ќе се обрати пред медиумите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/baiden.jpg)
Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе одржи одделна прес-конференција по неговиот состанок со Владимир Путин следната недела, изјави извор од Белата куќа, пренесе „Ројтерс“.
Според него, ова е најсоодветен формат за комуникација со медиумите.
Средбата на Бајден со рускиот претседател е закажана за 16 јуни во Швајцарија во вила од 18 век. Се очекува да се разговара за стратешката нуклеарна стабилност и односите меѓу Кремљ и Западот.
Белата куќа соопшти дека сè уште се разјаснува точно како ќе се одржи средбата меѓу Бајден и Путин, објави „Асошиејтед Прес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Русија спречи напад на Украина во областа Курск
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/8-3.jpg)
Руските вооружени сили спречија обид за напад на украинските сили во областа Курск, објави денеска „РИА новости“.
Руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили се обиделе да нападнат во правец на населбите Черкаси Конопелка и Уланок и претрпеле загуби.
Украинските војници распоредија два механизирани баталјона на оклопни возила и изведоа неколку бранови напади, меѓутоа, според соопштението на ресорното министерство, руските војници бргу го идентификувале непријателот и со поддршка на авијацијата им нанеле сериозна штета.
Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/bil-gejts-2.jpg)
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави „Ен-би-си њуз“.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/3-5.jpg)
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.