Свет
Бајден продолжува со гафовите, Американците почнаа сериозно да се грижат за неговото здравје
Американскиот претседател Џо Бајден ја продолжи својата серија гафови во врска со американската потпретседателка Камала Харис бидејќи тој ја нарекува Харис „претседателе Харис“ најмалку шести пат, овој пат за време на обраќањето во Белата куќа.
Последниот гаф се случи на 12 јануари за време на говорот за новите безбедносни мерки на границата меѓу САД и Мексико, во кој Бајден особено ја истакна позитивната улога на „претседателот Харис“ во подобрувањето на ситуацијата во земјите од кои доаѓаат мигрантите во САД.
Претседателот Бајден ѝ посака среќен роденден на „претседателот Харис“ во октомври 2022 година, пишува „Вашингтон тајмс“.
Американскиот претседател често е под будното око на медиумите поради честите гафови во разни ситуации.
Можеби најмногу внимание привлече Бајден во септември 2022 година кога од публиката ја повика починатата републиканска конгресменка од Индијана, Џеки Валорски.
Џеки Валорски загина во сообраќајна несреќа на почетокот на август 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

