Свет
Бајден: Ураганот Јан предизвика најголема штета досега

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека ураганот Јан на Флорида предизвикал штета, која веројатно е меѓу најголемите во историјата и нареди да се преземат сите можни активности за да се спасат човечки животи.
„Штетата предизвикана од ураганот се утврдува“, изјави Бајден пред новинарите, пренесе „Ројтерс“.
Ураганот денеска продолжи кон Јужна Каролина откога вчера ја погоди Флорида кога загинаа 19 лица, а бил проследен со обилни дождови, кои предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија во американската сојузна држава.
The end of the Pawleys Island pier has collapsed & is floating south. pic.twitter.com/ajJsWeXWfN
— Pawleys Island PD (@PawleysIslandPD) September 30, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони Ф-35.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како „чин на агресија“ и нагласи дека НАТО реагирал активно, вклучувајќи распоредување на холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и Варшава
фото: принтскрин
Европа
НАТО: Упадот на руските дронови во Полска не го третираме како напад

Ројтерс објави дека полските авиони Ф-16, холандските Ф-35 и италијанските авиони за надзор АВАКС учествувале во операцијата за заштита на полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
Според извори на НАТО, инцидентот во моментов не се третира како напад. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала биле забележани од системите Патриот на радарот, но не отвориле оган.
Ројтерс потсетува дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.
Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека ова е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.
фото: принтскрин
Европа
ЕУ за руските дронови над Полска: Ова беше намерно

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека синоќешниот упад на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор бил „намерен, а не случаен“.
Калас го опиша настанот како „најсериозен упад во европскиот воздушен простор од почетокот на војната“. Таа додаде дека инцидентот покажува дека „војната на Русија ескалира, а не завршува“.
„Мораме да ја зголемиме цената за Москва, да ја засилиме поддршката за Украина и да инвестираме во европска одбрана“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ.
За потсетување, полската војска рано утрово објави дека соборила руски беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
фото: принтскрин