Свет
Белата куќа: Немаме непријателски намери кон Пјонгјанг

Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека воените маневри на САД и нивните јужнокорејски сојузници во Жолтото Море доведоа до ескалација на непријателствата на Корејскиот Полуостров додавајќи дека САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг.
„Јасно ставивме до знаење дека немаме непријателски намери кон Северна Кореја и бараме сериозен и одржлив дипломатски пристап за решавање цела низа прашања што ги засегаат и двете Кореии и земјите во регионот“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адријана Вотсон, пренесе „Ројтерс“.
Изјавата на Белата куќа дојде откако Министерството за надворешни работи на Северна Кореја вчера соопшти дека воените маневри на САД и нивните јужнокорејски сојузници во Жолтото Море ја доведоа ситуацијата до екстремна црвена линија и се заканија дека ќе го претворат целиот Корејски Полуостров во масивен воен арсенал и критична воена зона.
Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи, кое го пренесе државната новинска агенција КЦНА, Пјонгјанг рече дека не е заинтересиран за дијалог сè додека Вашингтон води непријателска политика, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди борбени авиони поради опасноста по својот воздушен простор, јавуваат локалните медиуми.
Украина објави дека во рускиот напад врз Запорожје едно лице било убиено, а шест други ранети, меѓу кои и 16-годишно девојче.
There are water and electricity outages in Zaporozhye after a combined attack by multiple drones and KAB bombs struck the city. pic.twitter.com/Tg3X5eUEYR
— Gabe (@GabeZZOZZ) October 5, 2025
Шефот на југоисточниот украински регион, Иван Федоров, објави дека во рускиот „комбиниран напад“ (напад со ракети и беспилотни летала) една жена била убиена, а шест други лица ранети. Според Федоров, лекарите им обезбедиле неопходна медицинска помош на повредените.
Во времето на нападот, во 4:09 часот по локално време, низ цела Украина била прогласена национална воздушна тревога.
🇷🇺🇺🇦 Large fire is burning in Lviv following Russian missiles and drones strikes.
In addition to reported strikes on Lviv, Zaporozhye, and Odessa. Russian strikes also took place in Kharkiv, Dnepropetrovsk, Ivano-Frankivsk, Rivne, and the Chernihiv regions. pic.twitter.com/WfpWQdvUgy
— Heyman_101 (@SU_57R) October 5, 2025
Полските вооружени сили објавија дека ставиле во готовност воздушна одбрана и распоредиле борбени авиони за заштита на својот воздушен простор, особено во близина на украинската граница.
Во последните денови, Русија ги интензивираше нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, со оглед на намалените температури и приближувањето на зимата. Овој викенд, Москва го спроведе најголемиот напад досега на украинската гасна мрежа. Нападите во саботата предизвикаа прекин на снабдувањето со електрична енергија за околу 50.000 домаќинства во северниот регион Чернигов.
Another massive attack on the west of Ukraine. Missiles and drones.
Every night Ukraine stands between russia and Europe.
When Ukraine can’t – who will protect you? pic.twitter.com/feoWYvW8Hm— Tetїana 🇺🇦 (@TPSpindel) October 5, 2025
Во Лавовската област, најмалку две лица биле убиени, а две повредени во напад со руски дрон и ракета во текот на ноќта. Командата на украинските воздухопловни сили и системите за противвоздушна одбрана соопштија дека Киев и голем број други региони беа мета на воздушни напади од страна на Русија.
Покрај Киев, нападите ги погодија и следниве региони: Хмелницки, Деражња, Сатанив, Виницки регион, Вапњарка, Немиров, Жмеринка, Козјатин, Запорожје, Днепар, Одеса.
Свет
Турскиот парламент ќе разгледува закон за построги казни за малолетници кои извршуваат тешки кривични дела

Турскиот парламент во наредните денови ќе започне разгледување на предлог-закон кој предлага построги казни за малолетници кои извршуваат тешки кривични дела, објавија локалните медиуми.
Промените се разгледуваат од страна на парламентарната комисија за правда, која е составена од претставници на владејачката Партија на правдата и развојот, како и правни експерти.
Според предложените измени во кривичниот закон, горната граница за должината на казната за лица постари од 15 години и помлади од 18 години ќе се помести на 27 години затвор.
Доколку сторителот на тешко кривично дело бил малолетник во времето на извршувањето и постар од 15 години, може да биде осуден на затворска казна од 18 до 27 години.
Според законот, малолетниците на возраст меѓу 15 и 18 години кои ќе извршат убиство со умисла нема да добијат намалена казна ако се утврди дека убиството е извршено на суров и однапред смислен начин или ако претходно биле осудени за други кривични дела.
Свет
Кина ѝ испраќа разузнавачки податоци на Русија за попрецизни напади врз Украина, вели украински разузнавач

Кина испраќа разузнавачки податоци до Русија за Москва да може да врши попрецизни ракетни напади врз цели во Украина, изјави Олех Александров, функционер на Службата за надворешно разузнавање на Украина, за новинската агенција „Укринформ“.
– Постојат докази за соработка меѓу Русија и Кина на високо ниво во спроведувањето сателитско набљудување на украинската територија со цел идентификување и понатамошно истражување на стратешки цели за гаѓање – изјави Александров.
Зеленски во април изјави дека Кина ја снабдува Русија со оружје и барут. Тој исто така изјави дека неговата влада има разузнавачки информации дека Кина произведува оружје на руска територија.