Свет
Белата куќа ја намалува помошта за невработените

Белата куќа и републиканскиот Сенат планираат да ги намалат неделните давачки за невработените во рамки на помошта поради коронавирусот, пишува „Вашингтон пост“.
Демократите во Претставничкиот дом предложија продолжување на тековната програма, која истекува кон крајот на месецот, додека Сенатот има намера да ја намали помошта на 200 американски долари сè додека државите на САД не се подготват да спроведат нов пристап со кој на работниците ќе им се исплатува 70 проценти од она што го имале пред да го загубат работното место поради кризата предизвикана од коронавирус.
Администрацијата на Трамп и лидерите на републиканците во Сенатот се очекува да ја објават својата програма за помош од милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маск: Мрежата X е под масивен сајбер напад

„Во тек е масовен сајбер напад врз мрежата Х“, објави денеска сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск, по неколкучасовните проблеми со пристапот до платформата што ја користат илјадници корисници.
-Секојдневно нè напаѓаат, но овој напад беше организиран со многу ресурси. Има голема координирана група или некоја земја вклучена… ние го следиме тоа, додаде Маск.
Илјадници корисници се соочуваат со проблеми со пристап до мрежата X на веб-страницата и мобилната апликација.
Врвот на прекините, според референтниот портал Downdetector.com, бил достигнат утрово околу 10 часот по локално време на источниот брег на САД (15 часот по средноевропско време), кога речиси 40.000 луѓе пријавиле прекини на услугата.
Тој број значително се намали, а потоа повторно се зголеми на околу 35.000 три часа подоцна пред повторно да падне.
Социјалната мрежа, порано Твитер, имаше бројни пропусти откако Маск ја купи кон крајот на 2022 година.
Сопственикот на Tesla и SpaceX отпушти три четвртини од вработените во Twitter, кој стана X, во месеците по купувањето.
Свет
(Видео) Еден исчезнат по несреќата на брод и танкер во Северното море, бродот носел токсичен цијанид

Несреќа меѓу танкер и товарен брод се случи во Северното Море во близина на источниот брег на Јоркшир. Сопственикот на товарниот брод – по име Солонг – вели дека еден од неговите 14 членови на екипажот е исчезнат. Болничарите велат дека 36 членови на екипажот се безбедни.Товарниот брод Солонг превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, меѓу другите товари, кога се судрил со танкерот „Stena Immaculate“ во Северното Море, кој превезувал авионско гориво, јавува Би-Би-Си.
Натриум цијанид е бела кристална супстанција со слаб мирис на бадем. Индустриски се користи за чистење и галванизација на метали, во фотографијата и за производство на други хемикалии.
Изложеноста на соли на цијанид може да предизвика главоболки, гадење, вртоглавица, нервоза, збунетост и промени во срцевиот ритам, а во потешки случаи, проблеми со дишењето, срцев удар, па дури и смрт.
Натриум цијанидот е многу растворлив во вода и може да биде токсичен бидејќи го попречува процесот на дишење кај животните, објасни др. Марк Хартл, вонреден професор по морска биологија на Универзитетот Хериот Ват.
Иако сè уште не е јасно дали хемикалијата истекла во морето или изгорела, постои можност да ги загрози водните организми доколку се проголта. Др. Хартл додава дека рибите имаат природен рефлекс за избегнување на опасните материи, така што некои видови можеби веќе ја напуштиле областа на судир.
Засега не е познато дали натриум цијанид истекол во морето, но властите ја следат ситуацијата и ќе ги преземат неопходните заштитни мерки.
Свет
Летаат ракети: напад во трговски центар во Херсон

Едно лице загина, а шест лица се повредени во напад на украинските сили на пазар во областа Херсон, изјави портпаролот на регионалниот гувернер Володимир Василенко.
Руската воздушна одбрана уништила девет украински беспилотни летала над пет региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
Доналд Трамп во неделата рече дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако Соединетите држави продолжат да му даваат помош на Киев во војната.