Свет
Бела куќа: Иран можеби придонесува за воените злосторства во Украина
Иран можеби придонесува за воените злосторства во Украина со испорака на дронови на Русија, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
„Нивните оружја се користат за убивање цивили во Украина и се обидуваат да донесат студ и темнина во градовите. Тоа, од наша гледна точка, го става Иран во позиција каде што потенцијално може да придонесе за широко распространети воени злосторства“, им рече Саливан на новинарите.
На почетокот на овој месец, САД воведоа санкции за шест директори и членови на одборот на ирански производител на беспилотни летала, откако компанијата, наводно, ја снабдувала Москва со дронови користени од руските сили за напад на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британската министерка за транспорт поднесе оставка поради неточна изјава: лажно и изјавила на полицијата дека и бил украден службениот телефон
Британската министерка за транспорт Луиз Хејг поднесе оставка откако беше откриено дека претходно лажно и кажала на полицијата дека и бил украден службениот мобилен телефон, објави денеска „Скај њуз“.
Хејг поднесе оставка откако „Скај њуз“ откри дека во четвртокот се изјаснила за виновна за заблуда на полицијата со лажно тврдење дека нејзиниот службен мобилен телефон бил украден во 2013 година.
Во своето писмо со оставка утринава таа го опиша инцидентот како „грешка“.
„Како што знаете, бев ограбена во Лондон во 2013 година. Како 24-годишна жена, тоа искуство ми беше застрашувачко. Веднаш потоа го пријавив настанот во полиција. На полицијата и дадов список со мојот имот за кој верував дека е украден, вклучувајќи го и мојот деловен телефон. Некое време подоцна открив дека мобилниот телефон се уште е во мојата куќа. Требаше веднаш да го известам работодавецот, а тоа што не го направив веднаш беше грешка“, навела Хајг во оставката, пренесува Танјуг.
Премиерот Кир Стармер се заблагодари на Луиз Хејг за „сè што направи за да го исполни амбициозниот план за транспорт на владата“.
Регион
Четири деца се пронајдени без свест во спалните соби, едното починало од труење со гас: трагедија во Грција
Едно дете почина, а три се во тешка состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.
Според медиумите, 16-годишно момче го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба.
Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош.
Не многу долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба, според написите.
Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.
На трагедијата наводно им претходело поставување на резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето на гасот.
Свет
Путин: Трамп не е безбеден
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не е безбеден, рече Путин на прес-конференција во Астана, Казахстан, по дводневниот самит на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ).
Путин рече дека е запрепастен од начинот на кој се водеше изборната кампања во САД, наведувајќи ги „апсолутно нецивилизираните методи кои се користат во борбата против Трамп, вклучително и повторените обиди за атентат“.
„Според мене, тој сега не е безбеден“, нагласи Путин, истакнувајќи дека во историјата на САД имало различни инциденти.
Рускиот претседател го пофали Трамп како искусен и интелигентен политичар, велејќи дека се надева дека новоизбраниот претседател е внимателен и разбран.
Путин рече дека не може да исклучи оти администрацијата на Бајден се обидува да создаде тешкотии во односите на Трамп со Русија.
Сепак, Москва е подготвена за дијалог со САД, вклучително и со идната администрација, нагласи Путин.