Свет
Белата куќа: Руската инвазија е стратешка катастрофа за Русија
Директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, рече дека САД имаат докази оти руската инвазија на Украина е стратешка катастрофа за Русија.
Таа додаде дека Русија ќе се соочи со дополнителни санкции поради нејзината инвазија.
„Самиот Путин рече дека овие санкции наметнаа невидени трошоци за руската економија, а нашата улога е да продолжиме да ја зајакнуваме Украина на бојното поле“, рече таа.
Бедингфилд рече дека во моментот нема планови за комуникација меѓу Џо Бајден и неговиот колега, рускиот претседател Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венс: Мировниот план мора да го зачува украинскиот суверенитет
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс порача дека мировниот план за Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет. Претседателот Доналд Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да одговори на неговиот најнов мировен предлог, кој предвидува значајни уступки од Киев, меѓу нив повлекување од делови на источна Украина.
Венс на „Икс“ порача дека секој план мора да го запре крвопролевањето и да биде прифатлив и за Украина и за Русија. Тој ги критикуваше противниците на предлогот, велејќи дека погрешно го толкуваат или ја игнорираат реалноста на теренот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина се соочува со „многу тежок избор: или да го загуби достоинството или да ризикува да го загуби клучниот партнер“, мислејќи на САД. Рускиот претседател Владимир Путин го прими планот позитивно, оценувајќи дека документот од 28 точки може да биде основа за мировно решение.
Европските лидери, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и лидерите на Франција, Италија и Обединетото Кралство, денес ќе одржат состанок на маргините на самитот Г20 во Јоханесбург за да го усогласат можниот одговор. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го најави состанокот на „Икс“.
Свет
Трамп: Украина треба да го прифати мировниот план за да заврши војната
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го коментираше мировниот договор со САД, за кој рече дека Украина треба да го прифати за да се стави крај на руската војна во земјата.
На прашањето дали разговарал со Володимир Зеленски за мировниот план од 28 точки за Украина, Трамп рече: „Имаме план. Ужасно е што се случува. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи.“
„Мислиме дека имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри“, додаде американскиот претседател.
Кога еден новинар му спомна дека мировниот план наишол на критики, Трамп возврати прашувајќи: „Мислите дека [на Зеленски] не му се допаѓа?“
„Ќе мора да му се допадне, а ако не му се допаѓа, тогаш претпоставувам дека треба да продолжиме да се бориме“, рече Трамп.
Тој, исто така, се потсети на своите претходни изјави. „Во еден момент, тие ќе мора да прифатат нешто. Се сеќавате во Овалната соба, не толку одамна, реков: „Немате карти“.
„Ја наследив оваа војна. Мислев дека требаше да постигне договор пред една или две години“, заклучи Трамп.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин

