Свет
Берлинските музеи вратија на Хаваите човечки останки и гробни предмети

Државните музеи во Берлин вратија човечки останки и гробни предмети на Хаваите, објави оваа недела фондацијата која управува со музеите во германската престолнина.
Пруската фондација за културно наследство објави дека артефактите биле предадени пред неколку дена на Хуи Иви Куамо, организација посветена на репатријација на хавајски артефакти.
Човечките черепи од Хаваи се во сопственост на Музејот за праисторија и рана историја во Берлин од 2011 година, додека гробните предмети се во сопственост на Берлинскиот етнолошки музеј околу 135 години. Гробните предмети, кои вклучуваат копје и два садови, се од колекцијата на Едвард Арнинг, за кој се верува дека ги зел од погребните пештери на Хаваи околу 1885 година.
„Тајно влезе во пештерите за да не го видат Хавајците“
„Арнинг во своите белешки наведува дека влегол во пештерите тајно и намерно избегнувал да биде виден од Хавајците, кои сигурно немало да ги одобрат неговите постапки“, се вели во соопштението на фондацијата.
Германските музеи веќе извесно време враќаат артефакти, од кои некои биле незаконски конфискувани за време на колонијалната ера.
Минатата година државните музеи во Берлин им вратија дел од човечките останки на претставниците на Хаваите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Хрватска: нуркачите ги извлекоа телата од море, автомобилот бил изнајмен на аеродром

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на Јадранската магистрала во близина на Сењ. Патничко возило со загрепски регистарски таблички излета во морето кај населбата Буница, потврди тамошната полициска управа. Несреќата се случила кратко по 16:30 часот.
Итни служби веднаш беа испратени на местото на настанот, а во потрагата беа вклучени и нуркачи од Хрватската планинска служба за спасување од Госпиќ. По пристигнувањето на местото на несреќата, го пронашле возилото во морето. Според спасувачите, телото на едно лице пловело, додека нуркачите извлекле уште три тела од морето. Во автомобилот имало двајца мажи и две жени.
Телата се транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека, каде што ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта и идентитетот на починатите. Полицијата потврди дека истрагата на лице место е завршена, но во тек е понатамошна кривична истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.
Според неофицијални информации, возилото било изнајмено на аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“, што укажува на можноста починатите да биле странски државјани, објави РТЛ. Ова ќе биде познато дури по официјалната потврда на идентитетите.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Вучиќ збунето го бараше своето место на самитот во Данска, успеа да скрши стол

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, повторно имаше проблем со седењето, пишува Нова.рс.
На социјалните мрежи кружи видео од српскиот претседател, на кое се гледа како влегува во просторијата каде што се одржува самитот и каде што сите присутни се сместени, освен тој. Наместо да седне на своето место, Вучиќ разгледуваше наоколу како да не му е јасно каде дошол или каде му е местото, или поточно, каде треба да седне.
Додека збунето разгледуваше низ просторијата, барајќи некој да му помогне, но бидејќи никој не му пријде на помош, тој се обиде да седне на туѓо столче. Сепак, веднаш му беше кажано дека не може да седи таму бидејќи седиштето е зафатено.
Stalna blamaža i neverovatan propust našeg protokola. Tužni sirak među vihorove dok izgubljena savetnica Jović pokušava da nađe mesto za baskuznu figuru.
Nije smešno jer oni vode i uništavaju Srbiju 13 godina i zaista tako bude kad nesposobne i alave stavite da vode važne državne… pic.twitter.com/UmAHUUSKgq— Borko Stefanović (@BorkoStef) October 2, 2025
Конечно, некој му донесе столче, а претседателот Вучиќ успеа да скрши дел од столчето, во обидот да седне.
фото: принтскрин
Свет
Путин: Тони Блер можеби не е познат како ангел чувар на мирот, но е искусен политичар

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го поддржа мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.
Најважниот елемент од мировниот договор во регионот останува решение за две држави меѓу Израел и Палестина, нагласи Путин на настан на политичкиот клуб Валдаj во Сочи. Сепак, подготвен e да му даде шанса на моделот на Трамп, рече тој. „Поранешниот британски премиер Тони Блер, кој е назначен за член во привременото меѓународно тело за мониторинг на Газа, можеби не е познат како ангел чувар на мирот, но е искусен политичар“, рече рускиот претседател.
Важно е што и Израел и Палестинската самоуправа и милитантната палестинска организација Хамас се согласија со решението, додаде тој. Трамп предложи прекин на огнот во Појасот Газа како дел од мировниот план од 20 точки што го презентираше во Вашингтон пред пет дена.
Планот вклучува целосно разоружување на Хамас и итно ослободување на сите преостанати израелски заложници што ги држи Хамас во замена за стотици палестински затвореници, како и повлекување на израелската војска од Појасот Газа.
Хамас нема да има никаква улога во управувањето со крајбрежниот појас, а на Израел му е забрането и да анектира територија. Наместо тоа, Појасот Газа ќе биде управуван од преодна влада на палестински технократи под надзор на идни меѓународни сили за стабилизација.
Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и министрите за надворешни работи на неколку арапски држави, вклучувајќи ги Катар, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, исто така изразија поддршка за планот.
фото: принтскрин