Свет
Беше познат како „легендата од Тексас“, почина најстариот маж во САД
Ричард Овертон, најстариот ветеран од Втората светска војна и најверојатно најстар маж во САД, почина во Тексас на 113 години.
Како што соопшти неговото семејство, Овертон почина вчера во центарот за рехабилитација во Остин.
Тој беше хоспитализиран поради запаление на белите дробови, но пуштен дома на Бадниковата вечер на 24 декември.
Имал околу 30 години кога доброволно се пријавил за во војска. Бил на Перл Харбор по јапонскиот напад во 1941 година.
Во една пригода изјави дека една од тајните на неговата долговечност е пушењето цигари и пиењето виски, пренесе АП.
Родендените на Овертон во последните години го привлекуваа вниманието на јавноста, па на тој ден пристигнуваа непознати луѓе во неговиот дом за да го запознаат.
Дури и по стотата година, Овертон ја посетуваше локалната црква.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, го нарече стогодишникот „американска икона и легенда на Тексас“.
Овертон е роден на 11 мај 1906 година во близина на Остин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.