Свет
(Видео) Би-би-си им се извини на Израелците
Би-би-си се извини откако нејзиниот водител тврдеше дека Израел цели на медицинскиот персонал и на говорителите на арапски јазик за време на операциите во болницата „Ал Шифа“ во Газа.
„Ова беше неточно и погрешно го цитира извештајот на ‘Ројтерс’. Она што требаше да го кажеме е дека силите на ИДФ вклучија медицински персонал и говорници на арапски за оваа операција“, објави подоцна британската телевизија.
„Се извинуваме за оваа грешка, која беше под нашите вообичаени уредувачки стандарди. Точната верзија на настанот беше емитувана неколку минути подоцна“, соопшти Би-би-си.
Телевизиската компанија беше на удар на критики поради известувањето за војната меѓу Израел и терористичката организација Хамас.
Good god, this is blood libel from the BBC.
The IDF said it entered the hospital *with* its own medical teams and Arabic speakers, so it can help people.
BBC reports the IDF is *targeting* medical teams and Arabic speakers.
That’s not a coincidence.pic.twitter.com/m4PEcOtFRP
— Oliver Cooper (@OliverCooper) November 15, 2023
Извинувањето дојде откако еврејските водачи го критикуваа радиодифузерот. Нa социјалните мрежи се прошири снимка во која новинарот цитира извештај од новинската агенција ‘Ројтерс’. Новинарот вели дека израелската армија потврдила дека ќе изврши „прецизна и насочена операција“ против терористичката група Хамас во болницата „Ал Шифа“ во Газа.
„Слушавме од ‘Ројтерс’ дека Израел вели оти неговите сили спроведуваат операција против Хамас во болницата ‘Ал Шифа’ во Газа и дека се насочени кон луѓе, вклучувајќи медицински тимови, како и арапски говорници. Тие исто така велат дека Израел ги повикува сите оперативци на Хамас во болницата веднаш да се предадат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

