Свет
Блинкен: Русија мора да стави крај на оваа војна
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави за Си-Ен-Ен дека Соединетите Држави продолжуваат да и помагаат на Украина да се одбрани, но во исто време и кажуваат на Русија дека мора да стави крај на оваа војна.
Блинкен, исто така, вели дека секој договор меѓу Русија и Украина може да дојде само како желба на Украинците, но како желба на некоја друга нација.
Блинкен ја коментираше и снимката од Буча која го шокираше светот во изминатите 24 часа.
– На овие снимки гледаме како на удар во стомакот. Уште пред агресијата предупредувавме за можноста од воени злосторства, а по неа веруваме дека се извршени. Работиме на собирање докази и Русија мора да одговара за тоа – рече Блинкен на прашањето за можен геноцид и рече дека „релевантните институции и организации мора да имаат пристап и сите податоци за да ги истражат сите овие наводи што доаѓаат“.
Важен елемент на борбата против Русија во овој момент од Запад се строгите санкции наметнати на руските функционери, но и на економијата. Блинкен наведува дека новите санкции се во фаза на дискусија.
– Секојдневно ги засилуваме санкциите во соработка со Европејците и партнерите ширум светот. Нивната економија се намалува, гледаме егзодус на големите компании, нивната економија не е наша. Постојано работиме на зајакнување на санкциите и додавање нови санкции. Ние сме во разговори со сојузниците и партнерите за да излеземе со нови санкции. Кога станува збор за енергетиката, работиме со Европа за да им обезбедиме алтернативни начини за снабдување – рече Блинкен.
Руските сили очигледно се повлекле од Киев и се подготвуваат да се фокусираат на истокот на земјата, а Блинкен најавува дополнителна помош во име на САД за да можат Украинците да се бранат.
– Гледаме дека се повлекуваат од Киев, можно е да се прегрупираат, да се подготват и да почнат повторно, но ако не го сторат тоа, тогаш сме сигурни дека Украинците ќе бидат подготвени да се бранат и да ја отфрлат руската окупација. Русија мора да стави крај на оваа војна, а ние сме подготвени да им помогнеме на Украинците во која било форма. Не можам да зборувам за деталите од помошта, но само во оваа администрација им дадовме речиси две милијарди долари – вели Блинкен.
Шефот на американската дипломатија изјави и дека за секој руски тенк Украинците имаат 10 противтенковски системи кои се покажале како многу успешни и дека САД соработуваат со земјите ширум светот за да им обезбедат системи кои можат да помогнат во одбраната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се дека Будимпешта ќе блокира одлуки на ЕУ важни за Киев.
Неговите изјави следуваат откако украинското Министерство за надворешни работи го отфрли притисокот од Будимпешта и Братислава, велејќи дека уценувањето со енергетските извори во услови на руски напади врз инфраструктурата му оди во прилог на агресорот.
„Решението е едноставно“
Во првата објава, Сијарто порача дека решението е „едноставно“ – Украина да ги обнови испораките.
„Едноставно е и лесно. Наместо да се мешате во нашите избори, рестартирајте ги испораките на нафта кон Унгарија и Словачка. И едните и другите знаеме дека нема технички пречки“, напиша тој.
Во втората објава најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Русија на Советот за надворешни работи на ЕУ.
„Додека Украина не го обнови транзитот на нафта преку ‘Дружба’, нема да дозволиме носење одлуки важни за Киев“, истакна Сијарто.
Украина: Не прифаќаме ултиматуми
Од украинска страна порачаа дека не прифаќаат ултиматуми и дека работат на стабилизирање на енергетскиот систем под постојани руски напади.
Киев соопшти и дека предложил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
Свет
Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во рок од десет дена ќе донесе одлука дали ќе изврши воена акција врз Иран, но сè уште не е подготвен за напад, и покрај распоредувањето на моќната американска воздушна и поморска армада во Персискиот Залив, пишува Blick.ch.
Иако многу експерти во Тел Авив тврдат дека режимот на ајатоласите, на власт од 1979 година, никогаш не бил послаб, Трамп останува воздржан. Претходно, во јуни 2025 година, САД и Израел водеа „Дванаесетдневна војна“ за уништување на делумно преживеаните нуклеарни капацитети на Иран со бомбардери Б-2.
Првата пречка: политичка нестабилност
Првиот фактор е политички. Доколку Трамп сака да го нападне режимот со цел да го „обезглави“, потребна е алтернатива на владеење. Постојат две можности:
1.Фракција во самиот режим да ја преземе власта и да дозволи договор со САД, слично на сценариото со Венецуела.
2.Промена на режимот со доаѓање на Реза Пахлави, синот на соборениот шах, кој пред неколку недели беше поздравен од повеќе од 200.000 Иранци во дијаспората.
Проблемот е што другите опозициски групи, како Курдите, категорично го отфрлаат таквото решение, а распоредување на американски копнени сили за заштита би создадало дополнителен хаос.
Втората пречка: воени гаранции и инфилтрации
Втор фактор е воен. Трамп мора да има гаранции за ефикасноста на воздушните напади во координација со Израел, чиј разузнавачки капацитет е длабоко инфилтриран во иранскиот режим.
Нападите би се соочиле со истиот проблем како и претходната „Дванаесетдневна војна“: Иран може да ги сокрие своите нуклеарни и балистички капацитети во планинската територија, а масовните напади би предизвикале голем број цивилни жртви.
Идеалната стратегија би била нападите да предизвикаат народно востание и офанзива на пријателски вооружени групи, со цел да се собори режимот, но повторно останува дилемата кој би ја наследил власта без копнени сили на САД.
Третата пречка: регионални сојузници и Израел
Третиот фактор е улогата на Израел, кој врши притисок за итен удар за отстранување на „егзистенцијалната“ закана од иранската нуклеарна програма.
По војната во Газа, Израел станал непожелен партнер за многу земји во регионот, како Турција или Саудиска Арабија, кои се позадоволни на краток рок со ослабен Иран, кој е сè помалку способен да им снабдува оружје на своите сојузници (Хутите во Јемен, Хезболах во Либан…). Затоа, Трамп мора да ги убеди регионалните сојузници – од Турција и Саудиска Арабија до Катар – дека ситуацијата е под контрола.
Свет
Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој Федералната служба за безбедност (ФСБ) добива овластување да го исклучи интернетот во земјата, пренесуваат медиумите.
„Само претседателот може да воведе ограничувања“, изјави адвокатот и долгогодишен интернет активист Саркис Дарбињан.
Зошто се воведуваат ограничувања
Во последните месеци, руските власти се обидуваат да најдат начини да спречат влегување на украински беспилотни летала во рускиот воздушен простор. Во многу случаи, дроновите користат руски сигнали за навигација, понекогаш на долги растојанија.
Притисок врз интернет апликациите
Властите го засилија притисокот врз популарните апликации за размена на пораки, особено WhatsApp и Telegram. Двете апликации се значително забавени како дел од владините напори да ги охрабрат Русите да ја користат државно поддржаната апликација Max.
Според еден извештај, Telegram би можел целосно да биде блокиран од 1 април.
Ограничувањата предизвикаа незадоволство кај блогерите кои ја следат ситуацијата во Украина и собираат средства за руските трупи.
Telegram исто така е широко користен од руските војници на терен.
Технолошкиот регулатор Роскомнадзор го обвини Telegram, основан од протераниот претприемач Павел Дуров, за создавање на пазар за протечени лични податоци на руски граѓани.

