Свет
„Боингот“, кој се урна во Иран, бил нов и пред два дена бил на технички преглед

Украинскиот „боинг 737-800“, кој денеска се урна во Иран, при што загинаа 176 луѓе, бил нов и два дена пред несреќата ја поминал последната техничка контрола, објави украинската авиокомпанија УИА, а украинските власти не ја исклучуваат можноста дека авионот можеби е погоден од проектил.
„Авионот е произведен во 2016 година, компанијата го презеде директно од фабриката. Авионот го помина редовното техничко одржување на 6 јануари 2020“, објави УИА.
„Тоа беше еден од нашите најдобри авиони со исклучително добар персонал“, рекол претседателот на оваа приватна компанија, Јевген Дин, пренесува „Франс прес“.
Најголемата украинска авиокомпанија одлучи да ги суспендира сите летови до Техеран на неопределено.
Во падот на авионот загинаа сите патници, меѓу нив 83 се Иранци и 63 Канаѓани. На местото на несреќата се пронајдени црните кутии.
Украинската амбасада во Иран претходно објави дека дошло до дефект на моторот од технички причини и ја исклучи можноста за терористички напад, но набргу го повлече соопштението и објави ново во кое не се споменува дефект на моторот и се наведува дека претходната информација за несреќата не била официјална.
По несреќата, портпаролот на „Боинг“ рече дека компанијата собира информации за падот на леталото.
„Боинг“ во март минатата година ги приземји сите авиони од серијата „737 макс“ кога два авиона од овој модел се урнаа за многу кус период, а во двете несреќи загинаа над 300 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Латвија им нареди на 841 Русин да ја напуштат земјата поради кршење на законите за јазик и престој

Латвија им нареди на 841 Русин да ја напуштат земјата поради кршење на законите за јазик и престој. Во петокот беше објавено и дека Естонија, Латвија и Литванија подготвуваат планови за масовни евакуации во случај на руски напад, бидејќи загриженоста за националната безбедност расте.
Да се напушти земјата до 13 октомври
Латвија им нареди на 841 руски државјани да ја напуштат земјата до 13 октомври, велејќи дека не ги исполниле новите услови за престој, кои вклучуваат докажување на основни познавање на летонскиот јазик и положување безбедносни проверки, објави Политико.
Одлуката следува по низа законски измени што ги заострија правилата за руските граѓани кои сакаат да останат во балтичката држава.
Законски промени по руската инвазија на Украина
Латвија воведе измени во својот закон за имиграција во 2022 година, по руската инвазија на Украина, и дополнително ги заострија во 2024 година. Според новите правила, руските граѓани мора да добијат статус на долгорочен жител на ЕУ, да покажат познавање на летонскиот јазик на ниво А2 и да поминат безбедносни проверки и проверки на биографијата до 30 јуни 2025 година, за да можат легално да останат во земјата.
Околу 30.000 Руси се погодени од новите мерки
Службениците проценуваат дека околу 30.000 руски граѓани се погодени од новата политика, додека околу 2.600 доброволно ја напуштиле Латвија, според извештајот на Политико. Останатите мора или да ги исполнат условите или да заминат.
Канцеларијата за државјанство и миграција (OCMA) потврди дека 841 лице го пропуштило рокот за поднесување на потребните документи и официјално е известено дека мора да ја напушти земјата до 13 октомври.
„Само кога ќе им престанат пензиите, сфаќаат дека нешто не е во ред“
Зборувајќи во емисијата „Де факто“ на Латвиската телевизија, директорката на OCMA, Мајра Розе, рече дека многу Руси дури и не биле свесни дека законот се променил сè додека не го изгубиле правото на државни бенефиции.
Свет
Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот извоз и ќе воспостави строги контроли на извозот на критичен софтвер, како одговор на ограничувањата што Кина ги воведе за ретките земни метали.
Само неколку часа по изјавата на Трамп, Биткоинот се урна под 110.000 долари, што претставува пад од над 12% во рок од 24 часа. Според податоците на „CoinGlass“, крипто трговците кои се обложуваа на раст на пазарот изгубија над 7 милијарди долари, при што се случија масовни ликвидации на позиции во вкупна вредност од 7,5 милијарди долари – најголем еднодневен колапс во историјата на дигиталните средства.
Најголеми загуби се забележани кај Биткоин (1,83 милијарди долари), Етереум (1,68 милијарди), Солана (614 милиони) и XRP (432 милиони). Ликвидациите на пазарот, односно присилното затворање на позициите кога трговците не можат да ги покријат загубите, доведоа до исчезнување на повеќе од 9 милијарди долари од крипто пазарот во рок од еден ден.
Пазарните аналитичари од „Valuermarket“ оценуваат дека ова е најголемата еднодневна ликвидација во историјата на дигиталните средства и предупредуваат дека може да следи нов бран нестабилност ако трговската војна меѓу САД и Кина продолжи да се заострува.
Свет
Заложниците на Хамас да бидат ослободени в понеделник, очекува Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува заложниците што ги држи палестинското движење Хамас во Газа „да се вратат“ дома в понеделник.
Американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа посочи дека, покрај живите заробеници, на Израел ќе му бидат вратени и најмалку 28 тела на починати заложници.
Трамп додаде дека планира да го посети Каиро, по што ќе се обрати пред израелскиот Кнесет (Парламентот), пред да се врати во САД во вторник.