Свет
Боливија ги протера дипломатите на Мексико и на Шпанија
Боливиските власти ги протераа мексиканските и шпанските дипломати, со што ескалираше дипломатскиот спор што се создаде откако Амбасадата на Мексико во Ла Паз им даде азил на сојузниците на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес, пренесува „Спутник“.
Привремената претседателка на Боливија, Жанин Ањез, изјави дека нејзината администрација побарала од мексиканската амбасадорка Марија Тереза Меркадо и од неколку шпански дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа и ги прогласи за персона нон грата поради наводниот обид на припадници на поранешните боливиски власти да најдат засолниште во Амбасадата на Мексико и да ја напуштат земјата.
Набрзо потоа, мексиканското МНР апелираше до Меркадо да ја осигура својата безбедност, а потегот на Боливија го означи како политички по природа. Сепак, мексиканскиот министер за внатрешни работи посочи дека боливискиот амбасадор не е прогласен за непожелен и дека Мексико нема намера да ги прекине дипломатските односи со Боливија.
Од друга страна, шпанското МНР ги негираше обвиненијата и соопшти дека ќе протера тројца боливиски дипломати поради овој настан, а шест шпански дипломати ја напуштија Боливија откако властите побараа тие да си заминат.
Боливиските власти ги обвинија шпанските дипломати дека се обидуваат да им помогнат на девет функционери да ја напуштат Амбасадата на Мексико. Ањез нагласи дека боливиските власти нема да толерираат луѓе кои се обидуваат да прикријат и да заштитат криминалци кои извршиле бунт, вооружено востание и тероризам и дека Боливија нема да биде ничија колонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

