Свет
Болтон: Турција да биде исфрлена од НАТО ако не ги прекине блиските контакти со Русија!
Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, предложи Турција да биде исфрлена од НАТО доколку не ги прекине блиските контакти со Русија!
Болтон, кој беше запаметен по неговите конзервативни и прагматични ставови за време на мандатот во Белата куќа, исто така ги критикува Германија и Франција за недостигот на конкретна помош за Украина повикувајќи на единство на Западот против Русија.
Во авторски текст за британски „Телеграф“, Болтон предупреди дека слабоста во НАТО може да доведе до победа на Русија во конфликтот што сè уште беснее во Украина наведувајќи дека 2023 година ќе биде „одлучувачка година за Западот да ја докаже силата на својата решителност“:
„Вистинскиот проблем се западното единство и одлучноста. Ништо од тоа не е загарантирано“, рече Болтон посочувајќи на фрактурите во НАТО-блокот почнувајќи од Турција.
„Ако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган биде реизбран подоцна оваа година – за што Болтон тврди дека, најверојатно, ќе се случи со измама – членството на земјата во НАТО треба да се доведе во прашање“, истакна Болтон.
Откако руските војници влегоа во Украина во февруари минатата година, официјална Анкара одби да воведе санкции кон Москва.
Иако Турција ја има втората по големина војска од која било членка на НАТО, нејзината воена помош за Киев е многу ограничена во споредба со помошта во вредност од 100 милијарди долари, што Украина ја доби од остатокот на алијансата.
Турција задржа неутрална позиција и се обидува да посредува преку дипломатски канали за прекин на конфликтот.
Болтон ја критикува и Германија, чиј канцелар Олаф Шолц вети голема ревизија на надворешната политика на Берлин по доаѓањето на власт минатата година.
„Малку се случи, а дадените ветувања се доведени во прашање“, тврди Болтон истакнувајќи дека Германија најавила дека ќе инвестира 100 милијарди долари во војската, како и дека ќе купи нови американски „Ф-35“.
Болтон немаше многу убави зборови и за Франција. Тој го критикува претседателот Емануел Макрон дека размислува за дипломатски чекори за ставање крај на борбите во Украина.
„Тој ја повторуваше позицијата на Кремљ за загриженоста на Москва за проширувањето на НАТО кон исток“, рече Болтон, кој инсистира на тоа дека алијансата е одбранбен сојуз и покрај бомбардирачките кампањи на Балканот, во Авганистан и во Либија, пренесе „Курир.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

