Свет
Бомбашот од Манчестер го спасила кралската морнарица од војната во Триполи

Бомбашот самоубиец Салман Абеди, кој минатата година уби 22 луѓе за време на концертот на Аријана Гранде во Манчестер, три години пред нападот бил спасен од цивилната војна во Либија од страна на кралската морнарица, објави „Скај њуз“. Абеди детонираше домашно направена бомба во фоајето од Манчестер арената, додека се одржуваше концертот, на кој меѓу присутните поголем дел беа деца.
Деветнаесет луѓе починаа на самото место, додека три лица беа итно пренесени во болница каде по кратко време починаа. Повеќе од 200 луѓе беа повредени.
Сега е откриено дека во 2014 година Абеди, неговиот брат Хашем и околу 100 други британски граѓани биле евакуирани од Триполи, кога безбедносната состојба во Либија се влошила. Тие прво биле пренесени во Малта, пред да се вратат во Велика Британија. Според податоците до кои дошла британската влада, името на Абеди било на листата на заглавени граѓани во Триполи, кои биле предадени на екипажот задолжен за евакуација.
Хашем Абеди моментално е во затвор во Либија, а британската влада побара негова екстрадиција за да му се суди за вмешаност во нападот во Манчестер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.