Свет
Бондарев: Присуството на руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди траен мир
Распоредувањето руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди траен мир во регионот, рече шефот на Комитетот за одбрана и безбедност при Советот на Руската Федерација, Виктор Бондарев, во интервју за ТАСС.
„Присуството на руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди мир во регионот на долг рок. Не е првпат Русија да игра клучна улога во решавањето на конфликтите меѓу нашите најблиски соседи. Ние длабоко ги почитуваме двете завојувани страни и им посакуваме среќа и просперитет, кои се невозможни за време на војна“, рече тој.
Според Бондарев, трилатералниот договор постигнат меѓу Русија, Ерменија и Азербејџан стави крај на братоубиствената војна во Нагорно-Карабах и овозможи да се спречи поголемо крвопролевање.
„Азербејџан се согласи на целосен прекин на огнот и распоредување руски мировници на линијата за контакт меѓу азербејџанските и ерменските трупи. Ерменија, од своја страна, направи големи отстапки по должина на безбедносниот појас за да ги спаси животите на жителите на Нагоро -Карабах и за одржување контрола над поголемиот дел од територијата “, нагласи Бондарев.
„Сите имаат корист од крајот на војната во Нагорно-Карабах. Се надеваме дека тоа ќе биде пресвртна точка во текот на долгорочниот ќорсокак и дека ќе го отвори патот за траен мир во регионот. Уверен сум дека руските мировници ќе ги исполнат своите задачи со чест и достоинство“, додаде сенаторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.