Свет
Бразил го прекина испитувањето на кинеската вакцина, забележани несакани ефекти кај волонтер
Бразил ја прекина третата фаза од клиничките испитувања на кинеската вакцина „коронавак“ кога еден волонтер имаше сериозни несакани ефекти, пренесува Си-ен-ен.
Третата фаза од клиничките испитувања на вакцината „коронавак“, развиена од кинеската компанија „Синовак бајотек“, почна во Сао Пауло на крајот на јули во соработка со бразилскиот институт „Бутантан“.
Оваа фаза на испитување опфати 9.000 волонтери што живеат во главниот град и во пет земји во Бразил.
„Си-ен-ен Бразил“ пренесува дека испитувањата биле прекинати кога еден волонтер имал сериозни несакани ефекти.
Не беа дадени дополнителни објаснувања поради политиката на приватност, а институтот „Бутантан“ објави дека ќе одржи прес-конференција.
Вакцината „коронавак“, која содржи неактивни вирусни клетки, беше една од водечките кандидати од Кина.
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ вчера објави дека нивната вакцина против коронавирусот покажала ефикасност во 90 проценти од случаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

