Свет
Бремена жена смртно избодена додека спиела во луксузно африканско одморалиште
Бремената Карен Тарнер (31) до смрт била избодена од непознати лица додека заедно со синот и сопругот спиела во луксузно одморалиште во Јужна Африка, пренесе „Скај њуз“.
Тарнер била убиена во вторникот околу 3 часот по полноќ по локално време, еден ден откако го прославила својот 31. роденден. Напаѓачите го прободеле и нејзиниот сопруг Метју (33), но тој го преживеал нападот.
Двајца мажи вооружени со ножеви провалиле во апартманот со поглед на плажа, лоциран во природниот резерват Хлулека.

Карен Тарнер, учителка од градот Андерберг, починала набргу по нападот, кој не го преживеало ниту нероденото бебе.
Метју Тарнер го преживеал нападот и бил пренесен во најблискиот поголем град каде бил подложен на операција. Синот кој спиел во нивниот кревет не е повреден.
Портпаролката на локалната полицијата рекла дека нема знаци на насилно влегување во објектот, но дека сè во апартманот било расфрлано и превртено наопаку.
„Не се работи за грабеж затоа што не се одземени никакви скапоцености“, додала таа.
Мотивот за нападот сè уште не е познат, но полицијата соопшти дека идентификувала еден од осомничените.
Семејството Тарнер престојувало во луксузното одморалиште за да го прослави роденденот на Карен. Двојката била во брак од 2017 година, а поседуваат и семејна фарма во јужноафриканскиот Андерберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

