Свет
Британија: Русија би можела да се подготви за нов напад на Киев

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство утринава соопшти дека руските сили продолжуваат да прават „ограничен напредок“ во напредувањето кон Киев – но би можеле да се подготват за нов напад врз главниот град на Украина во наредните денови.
„Малку е веројатно дека Русија успешно ги постигнала целите поставени во нејзиниот план пред инвазијата“, се вели во известувањето на Министерството за разузнавање. Логистичките проблеми кои го попречија напредокот на Русија продолжуваат, како и силниот украински отпор, велат тие.
Тие додадоа дека Русија веројатно сака да ги ресетира и прераспореди своите сили за повторна офанзивна активност во наредните денови. Тоа веројатно ќе вклучува операции против главниот град Киев, се наведува.
Новите сателитски снимки направени во четвртокот покажуваат дека рускиот воен конвој северозападно од Киев, кој се протегал на повеќе од 64 километри, во голема мера се распрснал и прераспоредил.
Сликите покажуваат дека некои елементи од конвојот се „репозиционирале“ во шумите и дрвјата во близина на Лубјанка во Украина, известија од Максар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.
Свет
(Видео) Меѓуѕвезден објект се движи низ Сончевиот систем со неверојатна брзина, потврдија научниците

Научниците го потврдија откривањето на третиот познат меѓуѕвезден објект кој влегол во Сончевиот систем. Објектот, кој моментално се движи со 245.000 километри на час, првпат беше откриен од Системот за рано предупредување за астероиди (ATLAS) на 1 јули. Сега е официјално класифициран како 3I/ATLAS, потврдија Центарот на НАСА за студии на објекти во близина на Земјата и Меѓународната астрономска унија (IAU).
Потекнува од друг ѕвезден систем
Астрономите веруваат дека 3I/ATLAS доаѓа надвор од нашиот Сончев систем врз основа на две клучни карактеристики: неговата екстремно голема брзина и неговата издолжена орбита. Објектот има орбитална ексцентричност од 6,3, што е далеку поголема од која било досега измерена за тело во Сончевиот систем – границата за „бегство“ од гравитацијата на Сонцето е ексцентричност поголема од 1.
Ова значи дека не е гравитационо врзан за Сонцето и дека, откако ќе ја помине најблиската точка, ќе се врати во меѓуѕвездениот простор.
Само трет пат во историјата
Првиот потврден меѓуѕвезден објект беше Оумуамуа, откриен во 2017 година, а вториот беше кометата 2I/Борисов, откриена во 2019 година. Спротивно на тоа, 3I/ATLAS беше идентификуван и потврден како меѓуѕвезден објект за само неколку дена.
Сè уште не е познато дали станува збор за комета или астероид – официјалната класификација моментално е „комета“, но објектот не ги покажува вообичаените карактеристики на комета. Некои научници претпоставуваат дека станува збор за астероид долг 20 километри.
Лета кон Сонцето, но не ја загрозува Земјата
Моментално, 3I/ATLAS е во орбитата на Јупитер и ќе достигне перихел – точката најблиску до Сонцето – на 29 октомври, во близина на орбитата на Марс. Ќе помине најблиску до Земјата во декември, но не претставува закана за нашата планета.
Ваквите откритија се ретки, но научниците веруваат дека би можеле да станат почести. Според новите истражувања, илјадници слични објекти од ѕвездени системи како Алфа Кентаур можеби веќе патуваат до рабовите на нашиот систем. Некои од нив, иако мали како зрна песок, би можеле редовно да паѓаат во атмосферата на Земјата, незабележано.
Благодарение на новите опсерватории како опсерваторијата Вера Рубин, можноста за откривање на вакви меѓуѕвездени „патници“ се зголемува. За само 10 часа тест снимање, Рубин откри повеќе од 2.000 претходно непознати астероиди, што е еден вид најава за нова ера на истражување на вселената.
Свет
Министерот за финансии на САД: 100 земји би можеле да се соочат со реципрочни царини од 10 проценти

Околу 100 земји веројатно ќе бидат погодени со реципрочна царина од 10 проценти, изјави вчера американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „поплава од трговски договори“ пред крајниот рок за договор на 9 јули, по што царините би можеле нагло да се зголемат.
„Ќе видиме како претседателот сака да се справи со преговарачите, дали е задоволен дека преговараат со добра намера“, изјави Бесент за телевизијата Блумберг.
„Мислам дека околу 100 земји ќе добијат само минимална реципрочна царина од 10 проценти, и оттаму ќе продолжи. Затоа мислам дека ќе видиме многу активности во наредните денови“, рече Бесент.
Администрацијата на Соединетите Американски Држави преговара со повеќе од десетина трговски партнери за да се обиде да постигне договори за намалување на царините пред предвидениот рок, вклучувајќи ги Индија, Јапонија и Европската Унија.
Американскиот претседател Трамп претходно објави договор со Виетнам со кој ќе се намалат американските царини за многу виетнамски производи на 20 проценти, во споредба со претходната закана од 46 проценти, при што многу американски производи ќе влегуваат во Виетнам без царина.
Трамп ги суспендираше најавените високи царини за увоз од трговски партнери пред три месеци и даде рок до 9 јули за постигнување договор.