Свет
Британскиот министер за одбрана: „Ако ги погодите каде што треба, Крим ќе падне“

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека постои реална можност Украина да го врати Крим оваа година.
Валас изјави за Вашингтон пост дека полуостровот повторно би можел да му припадне на Киев по девет години руска окупација бидејќи на силите на Москва им снемува опрема.
„Ако ги погодите руските сили каде што треба, тие ќе паднат. Можете да испратите десетици илјади млади мажи во смрт, што тие го прават, но не можете магично да создадете тенкови и потребните системи за оружје“, додаде Валас.
На прашањето за потенцијалниот пристап на Украина во НАТО, тој рече дека треба да бидеме реални и дека тоа нема да се случи на самитот на Алијансата во Литванија во јули.
„Тоа нема да се случи наскоро“, рече британскиот министер за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Авионот со шпанската министерка за одбрана го изгуби ГПС-сигналот

Воениот авион што ја превезуваше шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес утрово доживеа нарушување на глобалниот систем за позиционирање – ГСП-сигналот додека беше на пат кон Литванија, објавија шпанските власти.
Инцидентот се случил додека шпанскиот авион летал во близина на руската енклава Калининград, објави „Скај њуз“.
Авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така имал проблеми со ГСП-сигналот на 1 септември за време на летот кон Бугарија, според написите.
„Можеме да потврдиме дека имало ГСП-блокирање, но авионот безбедно слета во Бугарија. Добивме информации од бугарските власти дека се сомневаат оти тоа се должи на очигледно руско блокирање“, рече тогаш портпаролот на ЕУ.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Свлечишта, поплави, изолирани села во делови од Италија

Во италијанскиот регион Комо обилните дождови предизвикаа свлечишта и поплави, кои го погодија и центарот на градот Комо, објавува денес „Анса“.
Le immagini dal drone dell'enorme voragine che si è aperta lungo la Sp38, tra Cantù e Alzate Brianza, dopo la forte ondata di maltempo che si è abbattuta sulla provincia di Como nella giornata di lunedì 22 settembre. pic.twitter.com/IPzODbMqtv
— Local Team (@localteamit) September 23, 2025
Сериозни поплави беа пријавени по полноќ во центарот на градот, каде што локалната полиција ги затвори брегот на езерото и другите главни патишта, кои беа затрупани со кал и остатоци.
🚨 Yesterday France, now it's Italy. Violent storms hit Lombardy near Lake Como, destroying several homes in Blevio.
📹 Anna Graziapic.twitter.com/r02RxzKWLo
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 22, 2025
Ситуацијата е повторно критична во некои општини на брегот на езерото, кои веќе беа погодени во претходните часови, почнувајќи од Фаџето Лари и Блеви на источниот брег на езерото Комо, кои беа погодени од поплави, до Блеви, каде што ново свлечиште изолира неколку села, од кои триесетина луѓе беа раселени.
Пожарникарите одговорија на стотици повици, а ситуацијата е критична на сите патишта во оваа покраина.
Фото: принтскрин
Свет
Меланија Трамп одбила средба со сопругата на Зеленски

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, одбила официјално да се сретне со првата дама на Украина, Олена Зеленска, за време на нејзиниот престој во Њујорк, пренесуваат медиумите.
Како што објави Марко Бекман, виш советник на сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп ќе ја поздрави Зеленска од учтивост, но без формална средба.
„Зеленска неколкупати стапи во контакт со Меланија за да организира средба. Но, нема да има билатерална средба, ништо официјално. Бидејќи нашата прва дама е многу љубезна, таа денес ќе ѝ се јави и ќе ја поздрави. Но, нема да има суштински разговор, нема средба“, рече Бекман.
Одлуката на Меланија Трамп се толкува како сигнал за дистанцирање од раководството на Киев во чувствителен момент за американско-украинските односи.
Фото: принтскрин