Свет
Британски министер: Ова ќе биде крајот на Путин
Рускиот претседател Владимир Путин е потрошена сила во светот, без разлика како ќе заврши војната во Украина, смета британскиот министер за одбрана Бен Валас, со претпоставка дека инвазијата ќе биде крај на Путин.
Офанзивата на Русија во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, продолжува, но е забавена, велат од украинската војска и разузнавачка заедница додека луѓето бегаат од бомбардираните градови.
„ Претседателот Путин е потрошена сила во светот“ – изјави Валас во интервју за „Тајмс радио“.
Британскиот министер смета дека инвазијата не оди според планот на Русија.
„Ова ќе биде крајот на Путин“ – рече Валас, додавајќи дека би било невозможно да се окупира таков народ и држава.
Тој исто така рече дека Путин е одговорен за смртта на илјадници негови војници.
„Долгорочно, веќе никој нема да ги прима неговите телефонски повици. Тој ја исцрпи својата војска, тој е одговорен за смртта на илјадници руски војници, за убиствата на невини луѓе. Тоа ја сведе руската економија на нула. За тоа мора да преземе одговорност“ – заклучи британскиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна луѓе со нож пред супермаркет во Лондон, има повредени
Во Лондон денеска имало напад со нож во кој се повредени пет лица. Во моментов на повредените им е укажана итна медицинска помош, како што пренесуваат медиумите напаѓачот е фатен.
Британските медиуми пишуваат дека нападот со нож се случил во близина на супермаркет во Кројдон, пишува „Мирор“. Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот на Марлоу Веј веднаш по 11 часот, каде пронашле четири повредени жртви кои, наводно, биле избодени со нож во „случаен напад“ на паркингот.
Полицијата соопшти дека 54-годишниот напаѓач бил пренесен во болница каде што било оценето дека неговите повреди не се опасни по живот. Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот до капијата дошол вооружен со нож, каде бил запрен од обезбедувањето. Но, тој ги нападнал обезбедувачите и повредил тројца работници.
– Тој дојде до капијата и рече дека работи во супермаркет. Чуварот му се спротивставил и го удрил со тупаница и бил прободен. Потоа неколку мажи се обиделе да помогнат, а уште тројца биле избодени со нож – изјавил работникот во супермаркетот.
Свет
По повеќе од четири децении, Италија се враќа на производството на нуклеарна енергија
Италија сака да ги финализира плановите и законите до крајот на 2027 година кои ќе овозможат враќање на производството на нуклеарна енергија по повеќе од четири децении, изјави италијанскиот министер за енергетска безбедност и животна средина, Жилберто Пикето Фратин, во интервју објавено денеска за бизнис магазинот Il Sole 24 Оре.
Италија ги запре нуклеарните реактори врз основа на референдумот одржан во 1987 година по катастрофата во Чернобил една година претходно.
Во 2011 година, граѓаните на оваа земја ја потврдија оваа одлука на уште еден референдум, но актуелната италијанска влада предводена од Џорџа Мелони минатата година најави дека планира да донесе закон за враќање на нуклеарната енергија, која овојпат ќе се произведува од мали модуларни реактори. Се верува дека овие реактори се единствени и поевтини за изградба и инсталирање.
Поради нивната помала големина, можно е да се инсталираат SMR на локации кои не се погодни за поголем реактор. Тие се исто така значително поевтини и побрзи за изградба од конвенционалните реактори и можат постепено да се градат за да се задоволат растечката побарувачка на енергија на локацијата.
„Италија е подготвена да се врати на нуклеарната енергија, која е клучен избор и нема да ги замени обновливите извори на енергија, туку да ги надополни“, рече Пикето. Според него, враќањето на нуклеарната енергија е потег што Италија повеќе не може да го одложи, пишува порталот Оилпрајс.
Минатата година Пикето рече дека Италија преговара со неколку компании, вклучувајќи ја американската Вестингхаус и француската ЕДФ, за соработка во областа на нуклеарната енергија. Обемот на инвестиции во нуклеарната енергија бара соработка со неколку меѓународни играчи“, изјави Пикето на новинарите, пренесува Танјуг.
Свет
Еден загинат, а 15 се повредени во пожар во рудник за јаглен во Полска
Еден рудар загина, а 15 се повредени во пожар во рудник за јаглен на југот на Полска, соопштија денеска здравствените работници.
Несреќата во рудникот Кнуров-Шчигловице се случи во средата кога метан се запали во коридор на 850 метри под површината на земјата.
Девет работници се со тешки изгореници, а уште пет се во болница.
Причината за несреќата е под истрага и се верува дека е присуство на гас метан, кој е вообичаен во рудниците за јаглен.