Свет
Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

Велика Британија има стратешка издржливост да ја поддржи Украина додека не победи во војната со Русија, изјави британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли. Британија е еден од најистакнатите поддржувачи на Киев. Ѝ испраќа на Украина противтенковско оружје, стотици проектили и оклопни возила и ги обучува украинските војници.
„Ројтерс“ пишува дека во говорот на конференцијата на владејачката Конзервативна партија, Клеверли ќе рече дека Британците не биле само коментатори на светските настани туку и играчи на теренот и дека Лондон смета дека агресорите не смее да ги напаѓаат соседите со неказнивост.
„Затоа стоиме рамо до рамо со храбрите Украинци, кои ја бранат својата татковина. А Британија има стратешка издржливост да ги доведе до победа“, ќе рече Клеверли, според делови од говорот објавени од неговите ториевци.
„Ќе ги поддржуваме додека не се добие оваа војна. Ќе ги поддржуваме додека не им се врати суверенитетот. Никогаш нема да ја признаеме анексијата на Луганск, Донецк, Херсон, Запорожје или Крим“, рече тој, а потоа додаде: „Тие се Украина. И кога Украина ќе победи во оваа војна, ние ќе ја поддржиме во обновата на нејзините домови, нејзината економија и нејзиното општество“, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.