Свет
Британското разузнавање открило фабрика за бомби на Хезболах во Лондон
Британските разузнавачки агенции заплениле тони експлозивни материјали поврзани со либанската милитантна група Хезболах на голем број имоти на периферијата на Лондон, пренесува „Дејли телеграф“.
Весникот вели дека британската домашна разузнавачка служба МИ5 соработувала со полициските сили за да изврши четири рации на имоти во северниот дел на Лондон, при што заплениле три тони амониум нитрат, честа состојка што се користи во домашните бомби.
Во извештајот се забележува дека количеството откриен амониум нитрат е поголемо од она што го користел Тимоти Меквј во бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 година, во кој загинаа 168 лица.
За време на рацијата еден човек во четириесеттите години бил уапсен под обвинение за тероризам, но подоцна бил ослободен бидејќи заговорот бил прекинат од тајната операција на разузнавачки операции. Идентитетот на човекот се чува во тајност како и целата операција, која се случила во 2015 година, но обелоденета е дури сега.
Извештајот на „Дејли телеграф“, сепак, шпекулира дека британската влада останала нема во врска со инцидентот за да помогне во одржување на нуклеарниот договор во 2015 година, кој беше потпишан со главниот поддржувач на Хезболах, Иран.
„Тоа покренува прашања за тоа дали високи претставници на британската влада избрале да не го откриваат заговорот делумно затоа што тие биле позаитересирани за зачувување на нуклеарниот договор со Иран”, се прашува весникот.
Според извештајот, тогашниот премиер Дејвид Камерон и тогашниот министер за внатрешни работи, Тереза Меј, биле лично информирани за она што било откриено во имотите на периферијата на Лондон бидејќи тоа укажувало на голема терористичка закана за Велика Британија. Бен Валас, министерот за безбедност на Обединетото Кралство, се обиде да објасни зошто инцидентот намерно се чувал во тајност од јавноста.
„Службата за безбедност и полицијата неуморно работат за да ја одржат безбедноста на јавноста од бројни безбедносни закани. Често е потребно нивните напори и успеси да останат непознати за јавноста”, рече тој.
Иако голем број британски медиуми тврдат дека британската разузнавачка служба добила дојава од странска земја, „Џерусалем пост” е многу поексплицитен, велејќи дека израелски официјални лица потврдиле оти Мосад стои зад дојавата.
„Дејли телеграф“ забележува како лондонскиот заговор може да едел од поширока агенда на Хезболах за воспоставување глобална структура за напад, на што укажуваат и осуетените операции на Хезболах на Тајланд, Њујорк и Кипар. Сите три плана биле откриени во јавноста, а се верува дека таргетирале разни израелски интереси.
Оваа вест станува централна по одлуката на британската влада за ставање на црната листа на политичката крило на Хезболах, кое се наоѓа во либанскиот парламент, како нелегална терористичка организација во февруари 2019 година, откако со години се разликуваше од военото крило на групата.
Во однос на таа одлука, британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, рече дека Велика Британија сега верува дека не постои никаква разлика меѓу политичкото и военото крило на Хезболах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

