Свет
Британците во страв – седум клучни земји стојат покрај Путин доколку почне војната во Украина
Како што растат тензиите во источна Украина, си поверојатно е дека рускиот претседател Владимир Путин ќе предизвика војна со НАТО, пишува британскиот таблоид „Дејли експрес“, повикувајќи се на земјите кои ќе бидат на страната на Русија во случај на вооружен конфликт.
Ако Русија одлучи да ја нападне Украина, зад себе ќе има солидна група сојузници, оценува и објаснува британскиот таблоид. Имено, Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) се однесува како НАТО, оценуваат британските. Таа е формирана од поранешните советски држави и всушност е безбедносен пакт.
Шесте земји на ОДКБ – Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – ќе се бранат меѓусебно во случај на напад, а некои, или сите нејзини сојузници, најверојатно ќе му помогнат на претседателот Путин во случај на војна од големи размери.
„Дејли експрес“ потсетува дека Русија неодамна испрати војници во Казахстан за да ѝ помогнат на владата на Казахстан во задушувањето на масовните народни протести поради корупцијата и поскапувањето на горивото.
Затоа, се чини веројатно дека земји како Казахстан на сличен начин ќе и пружат воена помош на нивниот сојузник Русија, доколку биде побарано.
Тоа секако би се очекувало, но има друга земја. Таа не е ниту во Азија ниту во Европа, а Западот е особено загрижен поради тоа. Владимир Путин и кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел неодамна разговараа за „стратешко партнерство“ и вети дека ќе ги „зајакне билатералните односи“.
Ова ги зголеми стравувањата дека Куба би можела да застане на страната на Русија во конфликтот, дозволувајќи ѝ на Русија да ги распореди своите нуклеарни проектили за да се „олади“ и да ги смири Соединетите Држави доколку тензиите околу Украина ескалираат.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави за рускиот канал RTVI дека „ниту може да ја потврди, ниту да ја отфрли“ можноста Русија да испрати воена опрема на Куба.
Веќе подолго време Русија ја избегнува можноста за напад и секаков вид инвазија на Украина од највисоките државни инстанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

