Свет
Бројката на жртви вртоглаво расте – над 300 мртви во земјотресот во Индонезија
Бројот на лица загинати во земјотресот кој го погоди индонезискиот остров Ломбок во неделата се зголеми на 319 лица, изјави министерот за безбедност на земјата.
Новиот биланс на жртви е објавен по состанокот на неколку одделенија, кој требаше да го реши проблемот со различните податоци за бројот на жртви кои доаѓаа од различни државни агенции, објави „Асошиетед прес“.
Островот Ламбок денес го погоди нов земјотрес, трет за нешто повеќе од една недела, кој иако не бил силен како претходниот, предизвика паника, повреди и дополнителни оштетувања на зградите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото+видео) Мадона ги поддржа српските студенти
Американската пејачка и актерка Мадона на својот Инстаграм профил сподели видео на стори за студентските протести во Србија.
„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, се вели во објавата што ја сподели Мадона.
Заедно со снимките од дрон пишува дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети, а во тек се 24-часовни блокади.
„Луѓето на улиците во Србија бараат системски промени и „помалку“ корупција во владата. Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести и владата им се заканува дека ќе останат без работа. Ова е сериозен проблем. Треба оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и народот во Србија. Ние стоиме со Србија“, стои во објавата што ја сподели Мадона.
Снимките од Србија се придружени со познатиот хит на Мадона „Like a Prayer“.
Свет
Трудо најави контрамерка: Канада ќе воведе царини од 25 отсто на стоки од САД
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека земјата ќе воведе тарифи од 25 отсто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари (102,7 милијарди евра), како одговор на тарифите, исто така, од 25 отсто, наметнати од Соединетите држави САД воведоа царини за стоки од Канада.
Трудо на прес-конференција рече дека дел од царините за стоки од САД, во вредност од 30 милијарди канадски долари, ќе стапат на сила во вторник, а царините за сите други стоки увезени од таа земја ќе стапат на сила за 21 ден, пренесе Ројтерс.
Премиерот на Канада предупреди дека новите царини ќе им наштетат на Соединетите држави и ги повика Канаѓаните да купуваат канадски производи и да го поминат својот одмор во нивната земја, а не во САД, пренесува Танјуг.
Претседателот Доналд Трамп во саботата потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за сите стоки од Канада и Мексико почнувајќи од вторник, освен за енергетските производи од Канада, кои ќе подлежат на царина од 10 отсто.
Свет
Трамп нареди прв воздушен напад врз цели на ИСИС во Сомалија
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наредил воздушни напади врз цели на ИСИС во Сомалија.
Американската војска изврши координирани воздушни напади против оперативци на Исламска држава во Сомалија, први напади во оваа африканска земја за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп.
Секретарот за одбрана Пит Хегсет во саботата изјави дека нападите, извршени од командата на американската војска во Африка, биле директно нарачани од Трамп и координирани со сомалиската влада.
Првичната проценка на Пентагон покажа дека се убиени „повеќе“ оперативци. Пентагон соопшти дека проценува дека нема повредени цивили во нападите.
Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека висок командант на ИСИС, или главниот планер на нападот, и регрути биле цел на операцијата.
„Нападите ги уништија пештерите каде што живееја и убија многу терористи, без да им наштетат на цивилите на кој било начин. Нашата војска со години го гаѓаше мозокот на сите напади на ИСИС, но Бајден и неговите соработници не дејствуваа доволно брзо за да го направат тоа Ја направив работата!“ – рече Трамп и додаде „Пораката до Исламската држава и секој што би ги нападнал Американците е дека ќе ве најдеме и ќе ве убиеме“.
Трамп не го откри идентитетот на планерот на ИСИС, ниту потврди дали лицето загинало во нападот. Претставниците на Белата куќа не одговорија веднаш на барањата за коментар, пренесува Еуроњуз.