Свет
Бројот на загинатите во Индонезија би можел да достигне 1.000 лица

Бројот на загинатите како резултат на моќниот земјотрес во Индонезија и по цунамито може да достигне бројка од 1.000 лица, соопши потпретседателот на Индонезија, Јусуф Кала, на седница на штабот за спасувачката операција, пренесе ТАСС.
Според последните информации бројот на жртви достигна 420 лица, а над 500 се повредени. Станува збор само за жртви од градот Палу, а не е познат бројот на жртви во другите погодени области. Индонезиските власти се уште немаат информации од градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на земјотресот, на 27 километри од него. Индонезија вчера беше погодена од земјотрес од 6,1 степен според Рихтер, а по него следуваа катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала и цунамито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украински функционер: Можеме да ја погодиме Москва во секое време, ова беше порака до Путин

Синоќешниот напад со беспилотни летала врз Москва, најголем во последните три години војна, беше обид да се охрабри Владимир Путин да се согласи на прекин на огнот, изјави украински официјален претставник.
Според Андриј Коваленко, шеф на украинскиот владин Центар за борба против дезинформации, нападот бил дизајниран како „уште една порака до Путин дека треба да биде заинтересиран за прекин на огнот во воздухот“.
„Не се работи само за рафинериите за нафта, беспилотните летала можат да ја погодат Москва во секој момент“, рече Коваленко.
Во пресрет на разговорите во Џеда, украинските власти предложија прекин на огнот во воздух и море, но не и на копно.
Свет
Меркел: Европа може да биде уништена

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја истакна важноста на единството во Европа предупредувајќи дека во спротивно Европа може да биде скршена, пренесува Rheinische Post.
„Сѐ она што се случува деновиве, всушност, се однесува на Германија и на Европа“, рече Меркел додавајќи дека два процента од БДП за вооружување нема да бидат доволни.
Таа се осврна и на темата миграција. Смета дека проблемот со илегалната миграција не може да се реши исклучиво на национално ниво. „Ова останува европска задача, која бара соработка со соседните земји“, нагласи таа додавајќи дека клучниот предизвик е во матичните земји на мигрантите.
Меркел се осврна и на американскиот претседател Доналд Трамп. „Важно е тој точно да знае што му е важно“, рече таа опишувајќи го како типичен претприемач. „Ако сакам одредено парче земја, можам да го добијам само јас и никој друг нема да може да го добие. Но, политиката не секогаш функционира така“, рече таа.
Таа се присети и на ситуацијата кога Трамп не се ракуваше со неа истакнувајќи дека тој знае да привлече внимание подобро од кој било друг. Според неа, само уште еден светски лидер на сличен начин ја поларизира меѓународната политика – Владимир Путин.
„Тој нападна суверена земја, Украина, со што не само што го прекрши меѓународното право, туку го прекрши и европскиот повоен поредок“, предупреди Меркел нагласувајќи дека решението на конфликтот мора да биде дипломатско.
„Нема да бидат доволни само воените средства. Можеби сега сме поблиску до договор отколку пред неколку недели. Политиката мора да ги поврзува спротивставените позиции, а не само да поставува црвени линии“, посочи таа и додаде: „Украина мора да остане суверена“.
Меркел, долгогодишната канцеларка на Германија (2005 – 2021) и лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), беше една од највлијателните политичари во Европа во 21 век. За време на нејзиниот мандат, таа се истакна како лидер на Европската Унија, особено за време на финансиската криза и брегзитот.
Една од најконтроверзните одлуки во нејзината кариера беше политиката на отворени врати за време на мигрантската криза во 2015 година кога дозволи повеќе од милион бегалци да влезат во Германија.
Оваа одлука ѝ донесе пофалби како хуманитарен лидер, но и остри критики, особено во нејзината партија и од десничарските политички опции. Меркел инсистира на европско решение за мигрантското прашање нагласувајќи ја потребата од солидарност и соработка со матичните земји на мигрантите.
Иако нејзината политика предизвика политички пресврт, Меркел остана на својот став дека Германија може и мора да ги интегрира новодојдените мигранти. Со текот на годините таа постепено ја заоструваше својата мигрантска политика поддржувајќи ги договорите со Турција и зголемените контроли на надворешните граници на ЕУ, анализираат медиумите.
Свет
Руски генерал: Одлуката е на Путин, но Украинците треба да ги нападнеме со „Орешник“

Русија треба да ја нападне Украина со балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, изјави генерал-полковник Андреј Картаполов, шеф на Одборот за одбрана на руската државна Дума.
„Одлуката е на врховниот командант (рускиот претседател Владимир Путин), но мислам дека не би било неразумно да се лансира ‘Орешник’, дури и повеќе од еден“, рече Картаполов, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.
Русија веќе еднаш лансира ракета „Орешник“ против Украина погодувајќи го Днепар во ноември 2024 година откога Киев ги искористи ракетите ATACMS испорачани од САД за да погоди воена цел на руска територија.
Путин ја опиша употребата на „Орешник“ како одговор на украинската употреба на западно оружје со долг дострел за напади во Русија. Додека Путин ги објави плановите за масовно производство на „Орешник“, американски официјален претставник за „Киев индипендент“ изјави дека Русија, веројатно, поседува само мал број од овие експериментални ракети.
По нападот во ноември, „Москва тајмс“ објави дека Кремљ организирал медиумска кампања во врска со тоа цитирајќи руски официјални лица, кои рекле дека кампањата била дизајнирана да го заплаши Западот и да ги одврати дополнителните испораки на оружје за Украина.