Свет
Бројот на загинати во ураганот Флоренс порасна на 37

Бројот на загинати при налетот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД се искачи на 37, а 15.000 луѓе се наоѓаат во засолништа. Околу 200 илјади граѓани останаа без струја во Северна Каролина.
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, изјави дека сè уште се чувствуваат последиците од силната бура. „Иако повеќе нема силни дождови и сонцето полека се појавува во делови на земјава, сепак нивото на реките продолжува да расте и очекуваме нови поплави“, изјави Купер.
Тој апелира до илјадници евакуирани граѓани да бидат трпеливи и да не се враќаат во домовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто ги отфрли обвинувањата за унгарска шпионска мрежа во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес ги отфрли обвинувањата на Украинската служба за безбедност (SBU) за откривање на шпионската мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во украинската област.
„Би ги замолил сите да бидат претпазливи во врска со ваквите извештаи што се појавуваат во украинската пропаганда. Доколку добиеме какви било детали или официјални информации, тогаш ќе разговараме за тоа.
Дотогаш, морам да го класифицирам ова како пропаганда со која мора да се постапува со претпазливост“, рече Сијарто, пренесува Ројтерс.
Според информациите за истрагата објавени од СБУ, задачата на унгарската шпионска мрежа била да собира информации за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги ранливостите во копнената и воздушната одбрана, како и социо-политичките ставови на локалното население.
Посебен фокус беше ставен на истражување на реакциите на евентуалното влегување на унгарските трупи во регионот.
Истрагата покажа дека агентите работеле под надзор на унгарски воени разузнавачки службеници.
Сите осомничени беа обвинети за предавство според воена состојба и се соочуваат со доживотен затвор со конфискација на имот.
Операцијата беше спроведена под надзор на Државното обвинителство, а СБУ ја продолжува истрагата, јави Танјуг.
Свет
Папата Лав XIV на првата миса: Технологијата, моќта и задоволството се некаде поважни од верата

За време на првата миса, папата Лав XIV изрази жалење поради фактот што во многу делови од светот технологијата, парите, успехот, моќта и задоволството се повредни од христијанската вера, која, како што предупреди, на многу места се смета за апсурдна, наменета за слабите и за неинтелигентните.
Новиот папа истакна дека верниците често се изложени на потсмев, предизвици, презир – или во најдобар случај – само се толерирани и сожалувани.
Тој додаде дека Исус сè повеќе се сведува на некаков харизматичен лидер или суперхерој и предупреди дека тоа не се случува само меѓу неверниците, туку и меѓу крстените, кои, според него, го живеат својот живот во состојба на практичен атеизам.
Папата ја почна мисата со обраќање на англиски јазик велејќи како Господ направил чудесни дела.
„Додека денес славиме заедно, ве повикувам да ги прославиме чудата што Господ ги направи и благословите што тој продолжува да ги излева врз нас“, рече тој.
Папата истакна дека бил повикан да ја прифати оваа мисија од службата на свети Петар.
„Знам дека можам да сметам на секој од вас да оди со мене“, заклучи папата Лав XIV.
„Затоа што ние сме народот што Бог го избра како свој за да ги објави чудесните дела на оној што нè повика од темнината во својата прекрасна светлина“, додаде тој.
Свет
Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето на Путин

Русија и Украина денеска меѓусебно се обвинија дека го прекршиле тридневниот прекин на огнот еднострано прогласен од рускиот претседател Владимир Путин. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во изминатите 24 часа на бојното поле имало речиси 200 судири.
Околу клучниот рударски град Покровское во источниот регион Донецк, Украина одби 71 руски напад, според извештајот за ситуацијата. Градовите во близина на борбената линија исто така беа гранатирани, рече тој.
Руските власти известија за напад со украинско беспилотно летало врз регионалната администрација во Белгород. Гувернерот Вјачеслав Гладков објави видео на „Телеграм“, на кое очигледно се гледаат последиците од нападот.
На снимката некои метални делови – веројатно остатоци од дрон – можеа да се видат на теренот, иако не беа видливи поголеми оштетувања на зградите. Нема загинати и повредени, изјави Гладков.
Информациите од линијата на фронтот не можеа да бидат независно проверени.
Прекинот на огнот, кој Путин рече дека го прогласил од хуманитарни причини, треба да заврши в сабота навечер. Тоа доаѓа во време кога Русија со голема парада на Црвениот плоштад во Москва ја одбележува 80-годишнината од победата над нацистите во Втората светска војна. Украина тврдеше дека примирјето е само привидно и повика да се продолжи за 30 дена.