Регион
Будва под опсада, полицијата го бара маскираниот напаѓач

Во ресторанот „Корковадо” во Стариот град во Будва се ранети Горан Словиниќ и Драган Марковиќ, соопшти полицијата по синоќешното пукање во кое непознат маж со маска рани две лица.
Повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во болницата во Котор. Како што јавува РТС, повикувајќи се на неофицијалните сознанија на „Вијести”, лицето кое носело силиконска маска се доближило до масата на која седеле двајцата жители на Будва со уште еден маж.
Маскираниот напрво пукал во Словиниќ и Марковиќ, а потоа и во третиот на масата, Љубиша, но тој успеал да го избегне куршумот.
Настанал метеж, при што напаѓачот успеал да побегне. Очевидците маскираното лице го опишале како маж висок меѓу 185 и 190 сантиметри. Имал црна коса и бил на возраст меѓу 30 и 40 години.Истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
15-годишно девојче падна од тераса во Косово

15-годишно девојче паднало од зграда во Србица и со тешки повреди било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.
Откако паднала од балконот на зграда во Србица, девојчето било итно префрлено во локалната болница на лекување, а потоа и во Универзитетскиот клинички центар на Косово, каде починало.
Во полициското соопштение се наведува дека девојчето паднало од зградата околу 17:30 часот.
„Жртвата е испратена на лекување во регионалната болница, а потоа продолжила кон Приштина, каде, како што е соопштено, жртвата починала. Со одлука на обвинителот, телото е испратено на обдукција“, се вели во соопштението објавено од медиумите на албански јазик.
Регион
Намамил Црногорци дека ќе ги лекува и им зел 50.000 евра

Во голема полициска акција спроведена од Министерствата за внатрешни работи на Сараевскиот и Тузланскиот кантон, со поддршка на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина, беше уапсен 39-годишниот М.Х., осомничен за тешка кражба на околу 50.000 евра.
Според информациите од истрагата, М.Х. на 19 април 2025 година, во близина на Железничката станица во Сараево, украл пари од двајца државјани на Црна Гора. Осомничениот, познат како склон кон насилство и криминал, ги измамил жртвите така што им ветил дека ќе им помогне со алтернативни методи на лекување.
Под изговор дека ќе ги реши нивните здравствени проблеми, тој ги намамил на средба во Сараево, каде што им ги одзел парите.
По налог на обвинителството, полицијата извршила претрес на возилото, куќата и другите објекти што ги користел осомничениот во Лукавац, каде што бил и уапсен. При претресот биле пронајдени 20.500 евра, дел од украдените пари, како и „Порше Кајен“ вредно 28.000 евра, за кое постои сомнение дека било купено со присвоените средства.
Возилото е запленето, а М.Х. е пренесен во притвор на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон, каде што против него продолжува кривичната постапка.
Регион
Камион налетал на запрен автомобил, загинаа сестри: тешка сообраќајна несреќа во Загреб

Две лица загинаа, а трето е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на обиколницата на Загреб.
Хрватската полиција објави извештај за тешката несреќа во која настрадаа две сестри, а трето лице е повредено.
„Денес во 9 часот наутро, 40-годишен маж управувал камион со загрепски регистарски таблички, а се движел се по автопатот А3 во североисточен правец. При достигнувањето на 39-тиот километар, тој не ја прилагодил брзината на возилото на состојбата и карактеристиките на патот и атмосферските услови за да може навреме да го запре своето возило пред секоја пречка што можел да ја предвиди во специфичните услови.
Во таа прилика, предниот дел од возилото се судрил со задниот дел од патничко возило со дубровнички регистарски таблички управувано од 67-годишна жена, која се движела по десната лента од горенаведениот коловоз во правец североисток, и во моментот на судирот била запрена на горенаведената лента.
Како резултат на судирот, патничкото возило со дубровнички регистарски таблички било фрлено надесно, а неговиот преден дел се судрил со предниот дел од патничко возило со загрепски регистарски таблички управувано од 62-годишен маж, кој се движел по десната лента на автопатот А3 во правец североисток.
Во сообраќајната несреќа загинаа 67-годишниот возач на патничко возило со дубровнички регистарски таблички и 65-годишна сопатничка од возилото, додека 56-годишната сопатничка од истото возило е тешко повредена и ѝ е укажана лекарска помош во Клиничката болница Дубрава“, соопшти Полициската управа во Загреб.