Свет
Буџетот за 2019 година на Јапонија е рекорден, голем дел од средствата ќе бидат наменети за социјала и одбрана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/mkd-290614.jpg)
Јапонскиот министер за финансии, Таро Асо, денеска изјави дека предлогот за јапонскиот буџет за 2019 година, најверојатно, ќе биде рекордно висок. Според најавите од Министерството, тој би требало да изнесува околу 918 милијарди долари.
Со така рекодно високиот буџет, како што посочија јапонските власти би се одвоиле повеќе средства за социјалата и одбраната на земјата.
Се планира зголемување на социјалната помош поради староста на населението во Јапонија, додека Министерството за одбрана поднесе барање за повеќе пари поради „предизвиците во одбраната” што ги претставуваат Кина и Северна Кореја, сооштиле властите, а објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.