Свет
Ватикан му честита на Трамп: Му посакуваме голема мудрост

Врховниот дипломат на Римокатоличката црква му честита на избраниот американски претседател Доналд Трамп и му посака голема мудрост додека се подготвува да се врати во Белата куќа.
„Му посакуваме голема мудрост бидејќи, според Библијата, тоа е главната доблест на владетелот“, изјави државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.
„Верувам дека тој, пред сè, мора да работи за да биде претседател на целата земја и на тој начин да се надмине поларизацијата што многу јасно се чувствува во овој момент“, рече Паролин на маргините на настанот во Рим. Коментарите на кардиналот ги претставуваат првите јавни изјави на официјален претставник на Ватикан за победата на Трамп.
Папата Франциско, поглавар на Католичката црква од март 2013 година, претходно ја критикува политиката на Трамп. Папата во септември рече дека планот на Трамп за сузбивање на илегалната имиграција и депортација на милиони имигранти, кои веќе се во САД, е против животот.
Френсиско во 2016 година рече дека Трамп не е христијанин во врска со неговите ставови за мигрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин