Свет
Велика Британија го засили надзорот врз осомничените екстремисти по смртта на Ал-Багдади
Британските безбедносни служби го засилија надзорот на осомничените екстремисти по смртта на Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на Исламската држава, за да ги осуетат потенцијалните напади за одмазда, пренесува „Брејтбарт“.
Осомничените за радикален исламизам се смета дека се под уште поголем ризик да се обидат да извршат напади во желба да се одмаздат. Свесни за оваа потенцијално голема безбедносна закана британските безбедносни служби овозможуваат поголем степен на надзор за да откријат какви било заговори пред тие да бидат реализирани, пренесува „Скај њуз“.
Во извештајот се тврди дека е рутинска мерка да се засили надзорот по големите безбедносни настани како и по терористички напади.
Безбедносните служби се соочија со критики по неколкуте терористички напади што ги погодија британските градови последниве години.
Додека парламентарните членови на Комитетот за разузнавање и безбедност го споменаа фактот дека бомбардерот во Манчестер претходно бил испитуван од МИ5, но не бил сметан за осомничен од висок приоритет пред тој да убие 22 лица, разузнавачките служби обелоденија минатата недела дека за две години уништиле 24 активни терористички заговори. Две третини од осуетените заговори биле со радикални исламски мотиви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

