Свет
Венецуела ја обвини ЕУ за послушност кон САД

Венецуела ја обвинува Европската Унија дека е подредена на Соединетите Американски Држави, јавува руската новинска агенција „ТАСС“.
Владата во Венецуела категорично ги осудува заклучоците на Советот на ЕУ што се однесуваат на резултатите од изборите во земјата.
ЕУ смета дека гласањето на изборите во Венецуела било спротивно на демократските стандарди и ги повикаа властите во јужноамериканската земја да одржат нови избори, а во спротивно се заканија со дополнителни сакции.
„На овој начин ЕУ ја потврдува непријателската политика на мешање во внатрешните работи со активностите, што претставува послушност на погрешната политика на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, во однос на Венецуела. Ниту еден орган на ЕУ, но и земјите во него не се овластени да ги доведуваат под прашалник одлуките донесени од страна на венецуелскиот народ“, се вели во реакцијата на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија би можела да влезе во ЕУ во 2030 година

Високaта претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас изјави дека иднината на Албанија е во Европската унија и дека таа придонесува за соработка и зачувување на мирот во регионот.
Во рамки на посетата на Западен Балкан, Калас ја посети Тирана, каде одвоено се сретна со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рам.
На заедничката прес-конференција со Рама, Калас истакна дека Албанија е навистина силен партнер на Европската унија и дека како членка на НАТО е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на Унијата.
„Вашата одлука за целосно спроведување на санкциите на ЕУ против Русија, заедно со вашата хуманитарна и политичка поддршка за Украина, всушност ја покажува вашата посветеност на вредностите на ЕУ и јас разбирам дека од политичка гледна точка тоа не е секогаш лесно да се направи.
Калас истакна дека ЕУ е целосно посветена на Албанија и оти соработката е во корист на двете страни.
„Една од првите обврски што ги имав беше да го потпишам партнерството ЕУ-Албанија за безбедност и одбрана, а денес ќе ги видиме првите плодови, бидејќи ќе го започнеме првиот дијалог меѓу ЕУ и Албанија за безбедност и одбрана. Ова е навистина многу важен чекор, бидејќи дополнително ја продлабочуваме соработката во безбедносниот сектор“, рече таа.
Додаде дека Албанија има амбициозен план да ги заврши преговорите со ЕУ во следните две години.
На прашањето дали 2030 година е можна година за Албанија да стане членка на Европската унија, таа одговори дека е, доколку секој си го исполни делот од обврските.
„Иднината на Албанија е во Европската унија и со задоволство видов потпишување договор од 90 милиони евра со Европската инвестициска банка за реконструкција на железницата меѓу пристаништето Драч и Рогожина како дел од Коридорот VIII. Југоисточна Европа и ова е многу важно во овој момент во ова опкружување кога зборуваме за безбедност“, рече Калас.
Албанскиот премиер Рама изјави дека Албанија е целосно усогласена од сите аспекти со Европската унија.
Тој откри дека на средбата со пр Калас разговарал за процесот на пристапување и за „многу амбициозниот календар“ договорен со Европската комисија за завршување на преговорите до 2027 година. „Нема никакви проблеми или отворени прашања меѓу Албанија и ЕУ. Имаме целосна усогласеност во сите аспекти, што најдобро се рефлектира во надворешната политика на Република Албанија, што е 10 отсто усогласена со политиката на ЕУ, рече Рама.
Тој додаде дека разговарале и за регионот и за проблемите во регионот во време кога, според него, е важно единството и стабилноста на целиот регион, во кој сите земји го прогласиле членството во ЕУ како стратешка цел. „Народите на Европа денес, повеќе од кога било досега, чувствуваат дека војната не е црно-бел филм од минатото, ниту спонтан настан што се случува на границите на Европа, туку вистинска закана против која Европа мора да ги собере своите редови и да се зајакне. Без сомнение, самата Албанија е дел од оваа обврска“, рече тој.
Свет
Медведев: Невозможно е нуклеарно разоружување

Нуклеарното разоружување во светот во следната деценија не е можно дури и со целосен крај на конфликтот во Украина, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев.
Тој исто така изрази уверување дека во иднина ќе се зголеми бројот на земји со нуклеарни арсенали, пренесува РИА Новости.
„Дури и со целосен прекин на конфликтот околу таканаречената Украина, нуклеарното разоружување во наредните децении не е можно“, објави Медведев на својот канал Телеграм.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, исто така, посочи дека во светот ќе продолжи создавањето на нови, разорни видови оружје.
Свет
Украина испраќа делегација во Вашингтон за да преговара за договор за минералите

Украина оваа недела ќе испрати делегација во Вашингтон за да ги унапреди преговорите за стратешко партнерство со САД во областа на минералите, изјави министерката за економија, Јулија Свириденко.
„Овој дијалог ги претставува стратешките интереси на двете земји и нашата заедничка посветеност за градење силно, транспарентно партнерство“, рече Свириденко.
Во делегацијата ќе има претставници на украинските министерства за економија, надворешни работи, правда и финансии.
Свириденко додаде дека целта на преговорите е да се постигне договор меѓу страните за избор на проекти, законски рамки и механизми за долгорочни инвестиции во минерални суровини.
Договорот требаше да биде потпишан на крајот на февруари за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа. Сепак, договорот беше одложен по жестоката расправија меѓу Зеленски и претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс кога украинскиот лидер ги доведе во прашање напорите на САД за дипломатски крај на тригодишната војна во Украина.
Минатиот месец Зеленски рече дека Америка му испратила на Киев нова и сосема поинаква верзија на нацрт-договорот за минерални суровини, кој би им овозможил на САД пристап до природните ресурси на Украина во замена за натамошна воена поддршка.
Трамп одговори дека Зеленски очигледно сака да се повлече од договорот и предупреди дека украинскиот лидер ќе се соочи со големи проблеми доколку го стори тоа.